@BabyT* Како функционира таа чешмичката,мојава само под чешма сака да дреми,па мие,ли мие Мојава ја сака колата на акумулатор,првата година се плашеше сега ужива во неа
Се полни садот со вода, работе на батерии и ја влече водата од садот. Не праве многу неред, не тече многу. Највероватно ќе се одлучиме за кола, лулашки имаме на неколку метра
Да свитливи се скор. Овие се и еднистваен модел што го најдов со засечоци на ѓон, многу се удобни и многу се лесни. Земи обавезно и ќе видиш како ќе и легнат Стварно има разлика од другите
Јас пак да се вмешам Ако земате кола на акумулатор земете џип. Поголем е и подолго ќе се користи мислам. Колите некако многу мали ми изгледаат. Кога ќе видам 2-3 годишни деца во нив како да не ги собира Пред да земеш види ја во живо, пробајте ја. Не онлајн
Види и у Мат Стар, ќе проверам деновиве јас. Мојот лани ги утепа носејќи и топ се. А Кроксире оригинал мислам по ги уништи. А беа смешни 200или 300 ден. Еве ги од МатС Малку гнасни се, сега ги мкнеше низ двор како влечки ама петата надвор. @AlicaInWonderland спортсдирект преку ДХЛ оди така? Наплаќаат ли дополнително ддв и лежарина? Јас порачував преку нив ама до Бугарија оти таму немаат плус трошоци. Само што сега тоа не е опција.
Знам дека има многу на слики што изгледаат убаво, а во живо мека пластика и изгледа ептен фејк . И мм гледаше џипови му се свиѓаа така да најверојатно такво нешто ќе биде. Мене па ептен ми се фенси малите, ама во право си. @duffi не се потат нозите со вакви? И дали смеат да ги носат сега на 1.5г вака за по двор да знам ако не да и земам вакви имаме Мат стар.
Не. Немаше мојот проблем. Лани летото е бил и помал од година ипол. Цело време во двор беше со нив. Најстабилен беше со нив. А да не е во патики по жешкото.
Ние имаме две моторчиња на акумулатор. Душа им извадија, најмалото од 2г го вози, за другите не се сеќавам искрено кога сфатија дека треба да притискаат на педалот за да се движи. Практично бидејќи и во багажник го збира. Ако треба трето да земам пак би моторче. Максимално искористени се кај нас.
Баш пиши дали има сега во тоа ваикики нешто асално ,јас бев негде во февруар и беше катастрофа детскиот дел алиштата беа како носени ,стари .
Се надевам ќе има искрено, ги прашав дали имаат нова колекција ради ситуацијата и ми рекоа не знаеле ама снабдено било
Да преку дхл испраќаат. 18% ддв плаќам и 1.600 ден на дхл за услугата за царинска постапка иако под 90 евра не се плаќа царина Инаку и јас сум за моторче. Ама здравје следна пролет. Таман на 2ипол коа ќе може да го вози
Не да претеруваат. Баш ги зборевме во темата за асос колку претеруваат. И престанав да подигам пратки од кај нив. Ама ај ова дека за детево беше, и имавме потреба. Повеќе платив на дхл од колку што ги платив патиките, буквално
https://www.sportvision.mk/obuvki/8426746-nike-tanjun-btv Еве овие сакам да ги порачам, ама стојат во машки модели. Мене ми се гледаат лилави на боја, а на сестра ми сиви??? Ќе ги биде ли за девојче?
@BabyT* ние на синко му купивме лизгалка голема и куќичка од Врање,многу поевтини се,за разлика од кај нас,околу 7500 ден ми излегоа. Куќата уште не сме ја наместиле,а на лизгалката се лизга неколку пати,за сам да се качува голема му е. Ама подобра опција ми беше голема,отколку од тие малите да купувам која кратко ќе ја користи. За на сонце знам дека пластиката избледува и гори,на девер ми лулашка голема пластична цела избледе и после 2,3 години почна да испукува пластиката од што стоеше на сонце. Чешмата и јас ќе ја порачам,нека мие синко садови Нема дете кое не би се радувало на такво нешто.
Со здравје да ги користете, супер се. Абе да не е ситуацијата јас сум да се види на лице место, верувам дека цената има врска и со дебелината на пластиката, ама некој па ептен претеруваат.