Од каде купувате облека за деца периодов? Низ Бисер дуќаните слабо избор. Некоја друга продавница во околината да знаете каде има поголем избор на летни хеланки? Се и е мало од лани Златно Ваикики ми фали Кога ќе го отворат?
Трицикал од која возраст почнвте да користите? Искористен ли е? Препорка за некој добар? Се расклопуваат ли сите за да може во кола да се пренесуваат? На што да пазам при избор?
Искористен и за мене лично попрактичен од количка. Од година и пол мислам почнав да го користам за поголемата.
Во кое Ваикики одиш? Само тоа пред Шутка работи во моментов, така? Едит : сега прочитав наредните мислења Тоа хаос било значи. Јас тогаш ќе почекам да отворат моловите, живот не ми зависи од Ваикики @An-na има едно дуќанче за деца во трговскиот во Бутел, секогаш имаат убави хеланки и тоа за 150 ден! Побарај на фб VIP-KIDS-Butel
Фала @Kitten, далеку ми е Бутел, ама сестра ми живее во близина, па ќе ја пратам да оди кога ќе биде на поминување. А маски за деца каде купувате? Јас не планирам во затворени простории да ја носам, ама сепак мора да имаме.
Во стружанка си е таа цена редовна тритекс што ја даваат со попустот. Плус тритекс достава да си платиш
За маска види Зегин дали уште имаат од Вог маск, малце скапички се но имаат ефективност 240 часа активно носење, практично неколку години може да ја носи, нашава лани ја купивме. Исто така видов и во Еурофарм има некои детски респираторни маски, мислам поевтини се. Јас ја носам понекогаш во супермаркет со мене, одговорно си ја носи без противење
Не се перат овие, така? Зимото сум немала потреба да и купувам, бидејќи од кола во градинка и беше движењето. Надвор ич, ама сега мора да купиме.
Не се перат. Кога се враќаме од надвор оставаме на тераса да се исушат и излуфтираат, секогаш се влажни од внатре.