Од искуство, ние имавме бејби розеви. Многу се убави и лесни, ама од вториот ден се испрљани и засекогаш се прљави, напред кај прстите.
Топ е чешмата,радости невидени,ама за во двор е не е за внатре Денес ни стигна се изнаигра, @BabyT* фала за споделбата
Се мислев помеѓу чешмата и шаторчето и шатор порачав чешмата др месец. Во меѓувреме и од македонска книга ни стигнаа
Ме настрвивте сега со мијалников и мене, ама за нареден месец, за овој прекорачив лимит за играчки. Инаку си ја чекам кујнатан од Лидел во каталог, ама со коронава којзнае што ќе биде. Дали на неа тече вода? Ако ја има некој да ми одговори? Како ми е мака зимоска што не ја купив, мислев мала е, ај до на лето, ама годинава излезе куково лето.
Ја имаш на слика кујната од лидл, памтам некоја феминка ја имаше купено одамна, но не се сеќавам точно. Ние имаме мала пластична, време е за обнова веќе се големи.
Додека да го видам судоперот, се распродал Вчера моите му донесоа кујна па возбуден е скроз околу неа, цело време ни готви и ни дава да јадеме и пиеме.