Бев до аутлетот на ваикики, може потешко се наоѓаат бројчиња, ама вреди за патот ако си најдеш што ти треба. Се ова за 600 ден го земав, малава е спремна за лето
И јас бев, едвај нешто ископав за од 24 -36 бројче. Порано/лани и зимоска беа преполни рафтовите, сега празни ми се видоа.
Јас тргнав по летни работи општо, така да успешна беше мисијата, ажа дефинитивно имаше помалку од обичната продавница. Баш очекував дека се затворени тие овде ќе донесат роба.
@An-na за маска види во Медикус хелп има детски,јас зимоска од таму ја купив и сега ја носи со филтер се тие,се перат
Катастрофа изработка им е куклата. Ако баш и немораш, немој имаа прва пратка, ја купувме тогаш ние, преубава е. После некпе време ги немаше на залиха и почнаа да ги продаваат пак. Ја порачав за поклон, катастрофа невидена. Со таа ние што ја имаме разлика огромна. Ми беше срам да ја дадам како поклон. Како фалш некој. Многу ме изневираа и разочараа иако многу ги сакам за целиот свет на Биби што го направија @TeddyGrey @Spidy А да не знаете дали ваикики имаат некаква достава или онлајн да се купат? Гледам убави работи наоѓате, не сум зимала до сега од таму, не сум од ск па некако не ме водел патот до таму. Само во сити мол го има? И овој аутлетот што го зборите? Кај се наоѓа тој?
Аутлетот е во топанско поле. Пиши на фб retail point ќе ти даде мапа. Ваикики има и во Рамстор и во Капитол. Сега не работат. Достава мислам нема. Инаку нашата Биби е супер. Со неа заспива сега. Еве што купив јас од Ваикики
И се увртела во глава, сега скоро почна да ја гледа и се што е поврзано со Биби и е интересно, па се жали немала кукла Искрено не ми се даваат 700д за плишана кукла, посебно со оглед на тоа колку плишани дрндупки имаме, се надевам дека ќе ја заборави. Штом е вака ко што викаш може подобро да одам во продавницата да ја видам на лице место отколку да нарачувам. И нарачав маичка од таму, убава е.