Само да ви кажам дека баш беља сте ми направиле со муабетиве за Ваикики аутлетот. Отидов сабајлево и маж ми вика очите ми сјаеле. Цени примамуваат, па и за нас си купивме по нешто и на каса шлог.
@thinkerbell ај те молам објасни ми како функционира играчката со чеканчето? Ја меркам, земавме една ама од коа ќе ги исчука мора рачно да му ги местам, и не ми се свиѓа така, треба до него да седам @Minnie-e од каде е се од првата слика? Каде ти има на залиха сложувалките од headu? И крпата од каде? едит: одпосле видов дека си пишала сторибокс, кога ги нарача? Јас како да гледав дека ги немаат на залиха....ќе Проверам пак бидејќи знам дека очекуваа сега нова роба
Јас се откажав од купување играчки. Освен со садоперот и со песок друго ништо не сака. Исто така љубоморна сум што ви е до газот Waikiki
Па и овде може да излезат, малку потешко бидејќи околу нив има обрач од гумички, ама мојава намерно ги стиска да паднат за да ги мести. Поинтересно и е тоа, отколку удирање со чеканче по нив.
Фала ти. Јас барам со механизам што сам ги враќа назад и тој да удира, тие да се враќаат нагоре и така да се заигра. Таква ми е замислата
Од Спорт м? Преубаво е се. Може ли да оде со патиките? Мојата не можеше со овие заради гумата што е широка.
Завчера ги нарачав. Имаат дел што ги немаат на залиха а на една по грешка стиснав 2 за нарачка и пишуваше дека има само една. Бањарчето е од tuctuc Инаку ние имаме чеканче од сторибокс, кога ќе ги исчука се врти од другата страна и се чукаат од таму. Ама иако тешко се буткаат со рака мојот само така ги бутка
Не е широка гумата,може така личи на сликата,може да оди денес цел ден е во нив Од гтц од Адидас горе
Од каде е , и ние сме во потрага за малата она е 3г , што големина е овој , јас се мисл за 16ка гума добро и одговара и повеќе ќе го вози