Пред 1 саат бев во старото Базаро во Н.Лисиче, имаш во 3 големини, убави пастелни бои. Не загледав дали имаат испод гумени стопирачи, да не се лизга ко ќе се качува, ама би требало. Инаку, од Икеа убедливо најквалитетни се.Според мене. Од триста тракатанци купени денеска, го издвојуваме ова
Истите ги имавме лани и тоа поголеми му беа ( дека наследени), ама со лепенките многу убаво се регулира. Ги изнаносе мојов батко.
Ви стигнаа ли овие? Или некој друг ако ги има,меки ли се за носење? Сакам на син ми да му купам вакви,машки,ама само што прооди,па не знам дали ќе му одговараат,да не се многу тврди и да не се виткаат?
За тврди не се сигурно. Бидејќи и јас ги имам носено, ептен се лесни на нога. Јас кога прооди и земав со затворени прстиња. Би требало да може со овие да оди
Леле се е преубаво. Со здравје да носи малото. Кога ги начека работиве? Ние ја имаме белата маичка од лани. Ама се друго сакам и јас. Да одам утре или џабе патот ќе е пак... :/
Далечко Не знам тоа дали му доаѓа Топанско или Бутел, ама скоро па од спротива на новата МиДа што беше во Карпош. Отвори на фб point retail park има адреса.
Сабајле бев, 10.15ч пред врата, кога искачав имаше редица до Јуск Дефинитивно редат и во текот на денот по нешто, па ако си среќлија ќе начекаш, се ова што има на сликата имаше по повеќе на штанд, се што купив претходна недела нема ништо. Трет пат идам, овој пат најшуро ми се виде, ама најевтино, се ова на сликава е за 646ден Белата ја имаме и ние од лани, ама зедов поголем број сега, 99ден беше, а стварно е убава Ко за нас имаше голем избор на пижами и градници, изнаредиле летни фустанчиња за ич пари, најскапото што го пофатив беше 699ден. За маживе во моментот редеа три полни штандови. Инфово може ќе се најде
Сити за Сити, секако супер ќе се растерети аутлетов Прочитав, баш ме интересира како се ќе е регулирано, но во пракса. Рамстор неофицијално кај 18ти отвара.
И јас би сакала да видам како ќе функционира и дали ќе се гужви. Мене страв ми е заради вентилацијата. Јес да ќе нема посетители од странство, па може и расеретено ќе е. Ќе видиме.
На батково мој овие патики му се омилени. И да, на секој три дена ги перам. Се надевам неделава ќе почне сезона сандали.