Супер опција беше и за нас, зашто мојов е шкртач по ѕидови, кревети, теписи и се што ке стигне, кријам се од боички, пенкала, маркери.. црта под мој надзор со такви работи. Инаку може да постои поквалитетна опција со подебел лист, тоа е единствена мана, ако стави повеќе вода омекнува многу листот..
@mariz @irena.1 овие се боенките кои само со вода и четче се поминуваше на хартијата и таа се обојуваше?Не знаев дека сеуште има ако се такви. Може да ми кажете цена? Да ги израдувам малишаните
Од топер се 60 и 70 ден. Ние уште не сме ги пробале. Мали спие сега. Мариз вика не се којзнае колку добри. Зошто многу била мека хартијата. Ама нема везе. Пола саат да го занимаваат и да биде зафатен ќе бидам задоволна.
70ден јас ги купив Инаку да мана е хартијата што е мека од водата одма бранови се прави... и како што приметив бои кои ги има се само зелена, жолта, сина, ептен светла розева, портокалова
Каде можам да најдам блуза или фустан за 8 години девојце со шљокици што кога ќе поминеш со рака се менуваат и малку ја менуваат сликата (апликацијата) на маичката?!? Ваљда ме разбравте што ми треба
Јас купив од Бамбисимо во Лептокарија, комплет туниче и хеланки со таква сликичка - смајли што менува фаца.
Мојов уметник на мене, јас сум по цртањето Највеќе внимание задржува на цртање и боење,се друго по 5м а puzzle, погодување форми во едно пластично од џамбо му е научна фантастика, врска нема тоа.. освен на мобилен такви игри, таму тата мата.. хаха