Машки се Не озбилно, имам приметено дека имаат на повеќе производи вакви грешки. Има едни розеви патики ги пишува машки. И јас секогаш коа пребарувам не бирам пол бидејќи сум приметила дека се измешани и не ми излегуваат сите Како и да е, стварно е унисекс бојата Ееењ многу им се секирате вие на малите и ние ко мали сме биле лом цел време, деца. мојот е многу стабилен и не паѓа, па така немаме проблем со овие отворените. Не ми изгледаат страшни. Плус ако се намести убаво лепенката нема да бега ножето напред Јас нарачував претходната недела. Многу се брзи. Одма наредниот ден ги добив. Ептен се изненадив коа ми се јавија, мислев нешто деуго сум нарачала и заборавила. Инаку над 1.200 ден нарачка е бесплатна доставата
Сабајле пробав на обични гаќи го пуштив и кога видов дека веќе сака да моча донесов нокшир, несакаше ни да го погледне а не пак да моча во него. Од таму во вц на шолја пробав исто, пуштавме вода да види дека не е страшно, седев на шолја и нишѕо пак. И накрај се измоча во гаќи и абер си немаше.
@emkaemka моето сега проодува,па се двоумев за отворени прсти,ама со затворени ниту едни не ми се свиѓаа,а она што донекаде ми фати око изгледаше како сецната патика Како што кажа @AlicaInWonderland лепенката напред лепи убаво,па ако се стегне колку што треба,нема каде да бега ножето. За одење,сега и со патики трапаво оди, па не се секирам. За низ двор се супер. И онака се мокри со вода цело време,па сандалки ми се подобра опција. Онака мокри чорапи,мокри патики и зошто мора да заврши играта,плачки. Вака е каде,каде подобро. Инаку не ми текнало дека може да е грешка пишано за полот. И јас имам приметено розеви/црвени пишани како машки,али не се сомневав,си викам сигурно станале современи и не ги делат боите на машки и женски,односно,прават машки модели во "женски" бои и обратно.
@hello-kitty.90 сигурно ќе му се супер на дечкото, мајка знае најдобро, јас си зборев за мојов дека не е да му ѕиркаат прсти, а стабилно иде откако прооде. Да ти пуштам клипови кај се се пентари, од што се скока и у какви жбунови влага ќе ти стане јасно Нарачав јас Најки со затворени прсти А за шлапање низ двор со вода и тераса има Крокс Тргнав и јас теписи, пред 1м веќе, ама уште сме заглавени со делот да облече гаќи.. Не е спремен ич, не ни форсирам, а желба и трпение имам огромни, ама немам соработник Знам дека сам ќе пресече, како со цице и цуце што беше, +/- сам се одвикна, само чекам моментот
Ако де, знае дете што значи слобода нека шета гол, еве го времево е идеално да бидат гологузи Со големата процесот траеше од мај до август. Јас ќе бидам упорна до крај на летото, ќе ви кажам што сум направила.
Со здравје да ги носи. Баш отворив да ве прашам дали некоја ги видела во живо што се толку женски?Таман ги бендисав за момциве и читам женски па се замислив
Ги имаме ние. Машки се Мислам не дека не би можело да ги носи и женско и машко, нели 2020та година сме.... Ама првично да ги погледнеш ќе кажеш машки се. Зимај немај гајле. Не се оптеретувај со боја. Да се розеви ај да му ја мислиш ама за зелени.... Погоре пишав дека на сајтот имаат грешки. Еве ви пример, дали овие личат на патики за момчиња сепак розеви не би облекла....