Овие се поголем калап од регулар најки. Мое девојче има голема нога, ама 23.5 лани и беа комотни. Од овие со отворени прсти друга приказна.
Тука се некаде, нешто минимално поголем е калапот. Треба, немаат, јас конкретно овие ги сакав и ги знаев, па и цена им знаев и се..
Беше некоја мајка во мол? Сити, капитол? Во Сити има луѓе, тоа секако го гледам, не сум видела сабајле во 10 баш како е, ама кон 12- 13 и попладне кога сум поминала гужва е. Не ко порано, ама има доста фрекфенција на луѓе.
Јас во Капитол бев. Ништо претерано. Во Ваикики има вратар и не пушта внатре ако има премногу луѓе, а внатре воопшто не е гужва. Во Ретаил Поинт повеќе гужва имаше. Само... слабо некако асортиманот на Ваикики ми се виде. Немаат воопшто летна гардероба, а имаа делови уште со џемпери и јакни. Што знам... може ќе донесат, јас пред некој ден бев, вака беше. Бев и во Котон, таму во детскиот оддел имаше извадено летна гардероба, па од таму купив за детево. А Ваикики ептен слабо.
Јас бев во Рамстор. Во саботата попладне. Очекував гужва ама многу лабаво беше. Одма завршив работа. Иначе и во овој Ваикики немаше избор на летни, ептен нешто ситно. @eli25 какви се пижамките и шорцевите на материјал и точни ли му се (претпоставувам 36м се). Ептен се цакани и јас порачав за момциве
Изгледа не донеле нова колекција уште заради кризава, до некаде и логично затоа што не знаеле кога ќе се почнува па да прават увоз. Останаа децава оваа година со мали летни облеки.
Има доста луѓе нонстоп дури накај 5 се расчистува гужвата. Ова за сити мол. И тоа уште пред 10 денес чекаа ред за во зара.
Ако ти е од полза инфово, вчера бев до веро џамбо после работа. Околу 5. Немаше во ниедна продавница никаква гужва. Брзо купив тоа што ми требаше. Необично празно за џамбо.