@BabyT* јас лани ги имав ваквите бели сандалчиња од Адидас. Супер одеше во нив. И тоа тазе проодена беше.
Ги знам тие на Најк, по модел се исти како овие, ама немаше број за мојов, само над 30ка ми рекоа дека имаат.. Убави, со убаво да трчка малата
Бев во локални бутици и се што видов беа парталчиња. Не успеав да најдам тоа што ми треба. А што ти е уствари поентава на муабетов? Неповикана делиш совети кој каде да купува
Богами и јас си наоѓам доста работи по локалниве зашто буквално све ѝ е мало од лани, неможев да ги чекам моловите да отворат. Имам едно во маало, Тип-топ, со многу убава роба за деца, а планирам да отидам до Јурумлери во Дал Дако за деца да се изнакупам. На нивната страна многу убави работи објавуваат, а се преевтини. Имаат исцело памучни комбинезонки за 200ден! У случајов не ми треба ни еден мол, се можело и без нив Инаку работеа цело време и дуќанчињата што се во Гтц и Лептокарија.
Да не звучам аздисано, ама не сакам маалски дуќани. Не дека секогаш нема што да се најде, туку дека секогаш ми се обесува некоја продавачка и да ти е срам да отвориш 2, 3 работи, а да не купиш. Во она софиленд во лептокарија, не знам колку различни ме прашаа дали ми треба нешто. Сакам да влезам и да си гледам. Ако сакам, ќе земам, ако не, никому ништо.
Ама не е тоа аздисаност. Ни јас не купувам прво избор ми нема,моделите исти па исти а цени си набилдале. Не дека ваикики ни е некој бренд. Но има избор и плус за цените има и квалитет.
Мене добар дел од облеката по локалниве бутици ми е кич за мој вкус. Сум купувала хеланки, некоја блуза со Елза и сл. фустан памучен ако ми фати око и тоа. Остатокот како што реков ми е кич. Софиленд имаат убав избор (ако не се лажам американска им е робата) само мене далеку ми е, па ептен ретко одам натаму. Исто и Венице знам убави работи да најдам. Остатокот е Ваикики. Ем по мој вкус, ем квалитет каков што сакам, ем цени пристапни, ем можеш да вратиш и да ти ги вратат парите. Плус гаќи, маици само од таму и ХМ носи. Сум купувала и од Стружанка, Тритекс, ама не ги сака. И Тила ги заборавив, таму може да се најде убава облека. И Котон исто така, најштосните хеланки таму и ги имам купено. И тоа ни е изборов во државава
@emkaemka најубави сандали си му купила на дечкото, а и тие од мат стар мн убави. Ги видов денеска во живо, посакав за мене да си ги купам. Штета што немаа бројчина.
Mothercare?Преубав бренд за дечиња. За жал го затворија а имаа голем ланец на продавници,банкротираа. Речиси буквално се ми беше купено од таму, се изнаноси. Супер чим останало нешто Мк.
Незнам, пишува на нив Mother love, дали е исто незнам немам зимано до сега. На акција ги начекав онлине. За квалитетот, ич пари.
А не се тие,ја па видов мадркеар бидејќи претходно имаше пишано дека имаш некои комплетчиња од "Брендирана облека...па ми се поклопија коцките Со здравје да се носат сите, преубавки се