@AlicaInWonderland многу убав вкус имаш да те пофалам јавно. Многу ми се свиѓа како манекен е. Убавец прав. За гумените чизми ќе те прашував ти како експерт за обувки што ќе ме советуваш? Бев до продавница сите марки ги фатив али не ме фатија око. Многу груби, а мојава нестабилна како ќе ја биде со такви. А морам да купам за градинка овде често врне.
Леле колку се нервирам со овие онлајн продавници, што немаат ни цени ни големини на ниеден производ, а под секоја слика 1000 прашања со цена и големина. Аман па пишете како државна тајна да е ако ми се свиѓаат повеќе модели на секое треба во порака да прашувам. Чим продаваат нека стават цена и големина, тоа ти е исто како на пример во вајкики да одиме и да нема цени и да трчаме по продавачките за секој модел. Пишав на една да стави цени и големини ми врати ' Ако некој сака да порача ќе пише и ќе си порача и јас сакам да порачам ама за жал не сум толку моќна да купам без да прашам за цена и големина. Како што неможам да одам со мало бебе по продавници уште помалку по молови ова со онлајн ми е топ, ама ова со цениве како државна тајна многу нервира. Знам не е за тука ова ама морав да си олеснам.
@FreeMind ти благодарам Искрено за чизмички за дожд незнам, овие што ги имаме ги зедов така како комплет да му се, за изглед ама не се воопшто згодни. Мислам они ко чизмичка квалитет се топ, ама едвај оди со нив. Кога е во патики само трча неможам да го фатам, а сега во овие за рака ме држеше цело време. Иако се доста меки и се виткат сепак за одење многу тешко. Мислам дека на оваа возраст нема да има модел што ќе им е згоден. Барем после 2 години најветојатно коа ќе бидат ептен стабилни па нема да им смета
И хулахоп му купив, ама го скрши, се изнервира и го тресна Случајно влегов во бутик Бамбисимо, пријатно се изненадив од избор, квалитет на памук, цени...го имало во ГТЦ, Лептокарија, Буњаковец и Беверли. Крцати беа со роба.
Ајде и ние да бидеме во тренд и садопер да имаме Права ствар е И се што прави балончиња мораме да имаме Пајак е закон! Поклон од баба И мајка се навлекла на онлајн шопинг
Играчките се е од Џамбо, садоперчето е 699ден Потоп ни е дома + со сапуница од косилката Облекава од некоја страна на Инстаграм, ако ептен ти се свиѓа да прашам мајка од која
Кажете некои стварно интересни играчки за едногодишни??? ете гуштер гумен немаат, може да земам а и пајак таков језив хахах ама ќе се смееме... онлајн вакви работи да ми препорачате да не шарам барам зашо на милион др. глупости ќе налетам и само тоа шо ми треба не...Фала женски!
Искрено мојов на 1год и немаше омилени играчки, ниту па со нешто посебно играл Хит беше се што свети и се движи, да паѓа нешто, да бутне и да види што галама ќе направи Не знам малите дали се проодени, ако се ништо не им треба, пушти ги надвор да трчаат и роварат, внатре топки и тоа е тоа, чувај пари кога ќе пркнат Јас од Крш имам
Какви играчки сестро... па се што имам само јас си играм со нив. Редам прередувам. Он си игра со подметач сламен за тенџере,четка за мачкање кифли,модли за колачи...и се што ке фати го вози како кола и брмчи немаме дефинирано што е тоа што би го интересирало едногодишно бебе.
Се што не е играчка, ќе се изнаигра со тоа. Батали играчки, извади лажици, маталки, шпакли, да видиш што е играње.