Воведување во искачувачки вештини прва фаза: За овие играчки е сеуште мала освен што ги расфрли сите ствари под софа Не троши пари од 12 до 14 месеци. Само ќе сакаат да одат и ништо нема да им е интересно.
Мила која цена се фустанчињава? Дамава моја многу е преправачка кога ќе ја облечам во фустан, па сакам да и купам 4-5 за летово..
Тие трите по 190 ден од Џамбо, а овие од Тритекс зимоска ги купив по пола цена за 150 ден. Мојава ептен се валка и водени, а лигавче не поднесува и морам да имам 100 пара алишта, па супер ми дојдоа што се ефтинки и да не ги жалам ако се батисаат. Уште ги немам перено тие од Џамбото, се надевам нема да се деформисаат, а баш ми се слатки.
Овие, не им знам соодветно име. Јас убаво се сеќавам дека по роденденот моите се изнаигруваа со дрвеното со цветчиња и многу сакаа со чашките да играат. Не коштаат многу, види, пробај.
Ау мали се моиве за ова, они све пикаат во уста, дрвениот шилец за редење на круговите ме плаши...иако па другиот е пластичен..ама за некое време може да се земат...фала ти многу срц!!!
Ако ти значи нешто моите сеуште се што ќе најдат ставаат во уста. Едвај чекам "фазава" што им трае уште од бебиња да им помине.
Да бе, ќе ги поминат во уста неколку пати и ајт веќе не е интересно...знам, се знам, ама морам да ги држам занимавани...ај ќе смислам нешо, шо да е за периодов... со здравје да се служи се од новокупеното погоре
А највеќе се вадам од кожа кога со тоа рачињата како пинцетки пипаат трошка, конче, парче шо да е од земја и правец уста...па таа едната со 10 заби, цела сум апана во обид да и извадам нешто, писка мислиш ја колиш и стиска не пушта....веќе стигнав до стадиум:" ај важно не е нештото големо што и е внатре" мораш, шо ќе праиш, се помируваш, кад тад...[/QUOTE]
Мајки сакаме на малиот, 11 месеци, за роденден да му земеме кола со акумулатор. Гледам на неколку страни слични коли со различни цени и не знам што да одберам. Има ли некоја искуство со купување таква кола да ми помогне? Не е проблем цената, сакам да го служи неколку години.
Ние му земавме џип и тоа од пластичарска, таму имаш голем избор и можеш да си видиш на лице место. Јас сум задоволна со два акомулатори, музика има и за усб.
Џип земете за подолго да го користи. Малите коли ќе ги порасне. Разликата во цена е не само за опциите како музика, вибрации и слично...него и квалитетот на пластиката. Пред да земев види ги во живо и ќе видиш и сама на два исти модела дека пластиката може да биде многу различна. Ако сакаш поквалитет земи од поскапите или они што се бренидрани, ауди, мерцедес, ренџ и сл