Да, фала ти многу. Баш тогаш беше мм во џамбо, одма му се јавив @kukla21 Се одвикнуваме од цице, штом успееме со тоа одиме на следен левел, иако ич не е заинтересиран џабе и нокшири и адаптер @Kitten 2ипол има Јас крпа му дадов да брише, он ја бањаше. На крај обавезно нозе си мие
Се расипа садоперот, не работи батеријата, мислев дека испразниле ама ставив нови и пак не сака, а 2 пати го немавме пуштено. Кај некој друг истото се случи ли?
Е треба, ама store менаџерите се лабави. Тешко е да се работи со луѓе кои што не се замараат со работата.
Некоја мајка претходно пиша дека мислела дека и се расипал зошто го пуштила без вода, па мажот и го поправил. Побарај назад по страниците, може ќе знае да ти каже како го поправиле.
Прво врабитените треба да се мотивираат па потоа менаџираат. За таа плата и јас ќе фаќам магла уште истата секунда коа ќе ми заврши смена. некој ќе рече ама сама го избрала тоа, да сигурно од зор, не дека некој сонува за продавачка во ваикики, а кај нас работа ептен лесно се наоѓа Ама ај да не отварам полемики. Сепак е комплексна тема а не за овде...
Мм го отвори, зарѓан е моторот. Ќе го правеше, му идело ОТП на времето, ама ене го уште растурено стои. Порачав да ми купи мајка ми од џамбо нов.
Во нашево Џамбо тој со крокодилот е 2500, а другиов мислам 3000. Значи не се цените баш како на летокот. Баш ги гледав и јас, сакам баш со лизгалка да им зееме за на одмор.
Ауу не не, хаха За на терасата во куќата зашто далечко сме од морето, има денови и кога нѐ мрзи да одиме на плажа. Мора да им обезбедам занимација.
@duffi сите овие џиџимиџи претежно се на Intex.Треба да имаат некој официјален застапник, дистрибутер и прилично се поевтини. Одамна беше кога ги купував, ама ако не се лажам, дел купував во Атлантик, а дел во една продавница која претежно продава градинарска опрема MTD во тој т.н. мини трговски кај поранешна/прва Систина (Мала богородица) накај студентскиот Гоце Делчев. Дел не знам каде мм ги наоѓаше. Чисто инфо... П.С.Тие како на Емка разни форми надувани за боксирање по 80-100 ден беа, а во Џамбо дупло и повеќе. Па, така, сите ги изнакупив
Јас на прво пуштање ја пуштив чешмата без вода и неќеше да работи,мислев сум ја покварила. Мм ја отвори и нешто внатре кај моторчето било изместено,го поднамести,прочепка и почна да работи. Пред некое време,пак неќеше да тече,ја отвори,и внатре имаше навлезено вода,ја пребриша,пак нешто прочепка и проработи. Пробајте,сигурно ќе се оправи. ****Мм вика дека не треба да стои чешмата во вода кога не се користи. Откако завршите со играње,да се извади чешмата и да стои право,за да се исцеди целата вода. Дали е така,или ме лаже малку,сака да ја средам одма по користење,за да не стои таква ,не знам .
Фала Пупи. Ќе го пратам мм да бара. Иначе да на Интекс се. Мене ми е оти мачките секако ќе го дупнат веднаш. И ќе бидат џабе фрлени пари. А мерак ми е. А имаме голем, пластичен ама викам да почекаме догодина. Ептен ќе му биде голем.
@Minnie-e колку ја земавте лулашката и од каде? Ги гледам на инста ама не ми се нарачуваше на невидено. Дали е од таму нарачано и дали вреди да се има?
Многу е интересно ,во план сум да земам нешто вакво за син ми за летово ,мислите во џамбо се поефтини ?