@Emma2 4500 беше во мај, од смартборд претпоставувам и ти таму си ја гледала. За дали вреди мислам дека се зависи од детето. Мојот е тежок карактер а и уште не се заигрува многу сам. Он ја користи да се качува и лизга, како куќичка и ја поигравме заедно како шанк, продавница. За лулање полека се опушта а има многу начини. Малото се исправа и шета околу неа и обожава да се лула (да го луламе). Креативна е и практична. Јас се залетав да сум му покажела на синко како треба да се лула ама мм ме искара ќе сум ја скршела. Ах што мерак и имам. П.с. од мене лош збор за играчка тешко да слушнеш, ако мрчам значи стварно е за нигде
Во право е мт и во самото упатство стои дека по користење се вади делот кај чешмичката и се остава да се исцеди, не смее цело време да стои во вода Инаку ми искочија куп страни со реклами за продажба на садоперчиња, некој стварно не чита
Денешниот улов. Порачавме и ние садопер, само друг модел. Се надевам ќе чини и ќе го игра оти ќе ме отсели мм со играчкиве.
Шише за пиење вода. Пожарна јас цела зима барав, некоја спец, со ефекти со се не успеав да најдам. За мој вкус ниту доволно квалитетна, сем од Лего од ситните коцки има една преубава (поголемо другарче ја има), е тоа е права пожарнасо сите салтанати, али секако ни свири, ни свети! Има една во Џамбо кај +/-2000ден мислам да беше и се отвараат вратите од страна, па има црево и што ја знам, мислам не свети. Не е лоша, мојов со таа се задоволи, парна не најдов Аха има една и од Еуроалба, кај 1.500ден е таа, квалитетна пластика и се, но скалите се кратки и не свети, ниту звуци има. Има едно човече. Инаку од Лего дупло исто има која свири горе, мојов многу ја игра. Има и други куп помали/поголеми но лоша пластика, жимити од сите тие од Базаро има една малечка и е закон и уште жива! И така, се објаснив, купи му ја таа од Лего или Џамбо
@emkaemka имаме и ние неколку ама барам поинтересна. Имаме од лего дупло ама без ефекти е нашата. Ќе ја ѕирнам таа од лего дупло и таа од Џамбо. Лего не би. Ем ќе се караме со мм кој да ја состави ем ми расфрлаат делчиња а малото како правосмукалка е. Оваа сега ја најдов на сајтот на теа колорс. Да не си ја видела?
Да, да за Лего од ситните се мали само ја спомнав и од Плејмобил има една врв, уствари и таа на Плеј е далеку поубава, но мали се, кај 4.500 е иначе Сум ја видела оваа од Теа, ценава е превисока за квалитетот што се нуди Види ја, може тебе ќе ти фати око, лично таа од Џамбо ми беше по ОК, поцврста и по ок за нашиве малишани. Имаш во Џамбо неколку, имаше една и огромна, ми останало дека и свирише, но оваа што ја зедовме имаше повеќе делови што се отвараат, тегнат, има црево, а тие мислам немаа.. Мојов обожава да пика ствари, па во деловите од страна уште што нема складирано
Јас го спремам за есен за в градинка ќе ми требаат повеќе пара тренерчиња, 2ка се. Столче, на кое не сака да седни дека свирка Сандалки од спорвижн кои му се мали, 23ка се, не дозволува ни да му ги облечам за да видам убаво дали му чинат, ама вака мали ми гледаат, како се нервирам со бројкиве значи, ништо неможам да му погодам
Ние имаме многу добра пожарна слична на оваа, се движи сама, свири и испушта балончиња. Поклон ни е и мислам не е ниту приближно до оваа цена. Од Кочани им е земена веројатно, ако сакаш ќе прашам.