Фала @emkaemka . Периодов се онлајн нарачувам или праќам некого и не можам да ја видам ама исто како да сум ја видела, штом тебе не ти фаќа око . И мене ми личи вака на лоша пластика ама и дадов шанса дека соленка цената. Сакам
Да. Точни и се. Помали би и биле мали, овие малце има луфта ама се стега со лепенките. Не ги соблече. Ги носи со чорапи, боса не сака По дома се фрцка, им се радува.
Можеби не е соодветна тема, но да прашам. За дете од 3 год која големина на велосипед е посоодветна,12 или 14? Во спецификациите и двете големини се од 2/3 до 5 год...
Книгата "Мојата куќа" убава е? @Minnie-e Окаиди имаат нова роба, си била во продавница или онлајн нарачуваш? Прашувм бидејќи се ми е веќе видено @Coco31 багерчето е закон, марката е многу убава, цврста, баш за нив, мојов како што е насилен со играчки овие се како нови. Механизмот е таман да изоди од еден до друг крај у ходник
Ние сега купивме пред две недели. Дечкото во средина на јуни прави три. Купивме 12 големина. Пробуваме и 14но не, голем му е. Работата е сега да го вози, ова лето. Плус сам да се качи,сам да се симне, да го вози, да може со врвот од прстите да допре доле кога е седнат. На 12 седиштето му е скроз до доле спуштено и едвај допира. А има опција да се крене повисоко, што значи бар уште една сезона ќе го вози. Син ми е висок 93сантиметри. Одете заедно при купувањето и ќе си проба таму. Се надевам ти помогнав.
Ние и земавме 16ка 3г е , 12ка ми беше премал и колку за сеа да го возе , одгодина ќе требаше да го складирам , а утки ко со трициклот решив да не правам , отидовме со неа , на скрос спуштено седиште седе возе од одма , е не допира нозе на земја , ама педали допира убаво , ја сум до неа цело време при возење , незнае да коче а лета , за симнување лесно исто и за качување се сама .. Ја би ти рекла 12ка не , за многу мал период е , јас сакав да го искористам повеќе .. Ако сакаш ќе ти пратам слики лп , баш добро и одг а не е голема
Фала ти. Не сакам да шетам со неа поради вирусиве, затоа мислев онлајн да нарачам, ама изгледа ќе мора да одам јас да видам. Вака немам престава колкава разлика е меѓу тие две големини. @Poppins може да ми пратиш ако не ти е тешко.