Кажете каде беа најефтини на Интекс базените? Знам се пишуваше тука скоро? Сакам ваков некој интересен...
Секаде се горе доле со цените. Атлантик мислам се спомна. Го гледав на некоја страна овој 3000 ден. И јас се мислам за него. Ама и времето е ужас. Никако да дојде топло за во базент.
Абе моите во март се избањаа во корито на тераса, ич не им се тресам. Претходниот викенд во Велешко езеро се пробањаа. Атлантик сега отворив откако ми кажа, нема ниту еден ваков, се се обични. @irena.1 се ми се чини кажуваше дека имаат цела опрема од Интекс.
Не сум од Скопје, а и не ми се доаѓа натаму периодов. Сакам онлајн да нарачам, или сестра ми да ја пратам, затоа прашувам за сигурно.
Еве ти линк, немаат постирано сѐ што имаат во продавницата. Спореди цени со други продавници или пиши им дали имаат тоа што бараш. https://m.facebook.com/mtdgradina/
Истиов го има во Меркур и некои други што ги има и по нет страниве, од сите цени што ги видов во Меркур беа најевтини за некои 400-500ден. Пред една недела во Џамбо немаше никаков базент, но и тие точно беа најевтини, но и најмали.
http://alatzase.com/product-category/bazeni/ Овие ми излегоа сабајлево на ФБ. Едит: Сега споредив исти се цените и во Меркур.
Да ви пишам искуство со страната Baby & family online butique, знам дека и други од вас ги следите. Некои од вас можеби ме читаа поназад, нарачав две фустанчиња од George за родендените на децава, но ваков преварантски однос не сум добила од никаде од каде сум нарачувала. Ги нарачав на 7ми мај, кажаа ќе стигнат до крај на мај. Ги контактирав прв пат на 1ви јуни, рекоа ќе стигнат за неколку дена. Следно им пишав на 9ти јуни кога ми рекоа дека е стигнато само едното и дека може да ми го испорачаат ако сакам со договор да стигне НАЈКАСНО до 13ти јуни (сабота). Курирот го достави дури на 15ти. Инаку родендените поминаа. Второто фустанче стигнало на 18ти, ми го испорачаа на 22ри. Курирот требаше да ми наплати иста сума како претходното а со странава договорот беше друг, поскапи се само оние парчиња над број 6 (таква е полисата на енглезите) а ова требаше да е број 2-3. Решив да го отворам на лице место пред курирот и кога гледам огромно фустанче, далеку од број за 3 годишно дете. Картонската етикета на која што пишува број и сума во фунти ја извадиле рачунајќи дека ќе ми го "протнат" фустанов без да приметам! Значи ги чекав месец и пол за на крај да им го вратам! Сами ја признаа грешката, инаку нарачале број исто 6ка. Од мене добија unfollow!
Емке лесно ли е точачево,ние го гледаме тоа што е со помошни и плус се прави како баланс точак Да земаме??
@Kitten исто се изначекав од кај нив, секоја недела ми викаа за една недела ќе стигне, помина месец ипол ама исто и од кај Гордана ми се случи. Кај нејзе па порачав патики и маичка за кои ми кажа цена договоривме број и за едното и другото и после којзнае колку време стигна пратката. Внатре само патиките а таа цена. Кога ја прашав за маичката рече дека ја немало а цената си била за патиките. Се е ок, ама ако е така можеше да каже кога нарачував а не после месец ипол