Неверувам дека имаат онлине продавница :/ На пластичарска ако сакаш ќе ти објаснам каде поточно 1.500 ден но е многу квалитетен. Свети кога се вози. Прво му го купивме овој ама паѓаше од него а овој баш супер си го вози Плавиот бил 800 денари
И мојата не го сакаше балансот ич, јас дури кренав и раце ќе го паковав. Ама од пред еден месец не излегва од дома без него . Па како се научи да го вози лета. Види да не не му е погодена висината па затоа да не го сака.
Не сум од Ск, затоа прашав за онлајн. Се гледа дека е квалитетен. Инаку и нас ни треба ваков со 3 тркала, таков е на баткото, ама лом е веќе и плус црн е не ми оди за женската
Ај да прашам тука, може некој знае. Каде има детска кацига и штитници за велосипед во Скопје? Итно ми е за денес, па де не акам низ продавниците
Со среќа! И ние во иста фаза. Јас најдов само 6 пара од големата дада, од сабајлево веќе 3 пара се мочнати и перени
Кај нас полошо ќе биде Ама ќе земам уште 10 ако треба, некако немав осет колку. Со среќа и на вас лесно да поминете
По дуќанчиња како Стружанка се наоѓаат детски гаќички и 3 за 100, домашно производство. Не се волку цакани ама вршат работа, посебно што и брзо ги прераснуваат. Тритекс ако добро се сеќавам се 100ден еден пар, што според мене не е баш исплатливо.
180 земав јас боксерки. А од Тритекс општо ич не сум задоволна. Ама прво искуство ми е. Во Сара Фешн има? Знаете? Баш затоа дојдов на темата да прашам за машки гаќи по нормални цени?
Членката погоре пишала дека гаќичките се на Пенти, 75 ден, можда ги има во Сара фешн. Туку да ги видиш гаќичките во Кит-го (мислам го има кај вас). Јас купувам за големата од таму, 3 пара 200 ден, многу убави дезени, пакувани во футрола. Такви се и за момчиња. На 90 ги перам, боите не бледеат, сликичките си стојат
Даја одвикнам па ќе и купувам и обични. Сега за да а привлечат, да сака да ги носе Уште сега ми прибира алишта, ако е дотерана на сите се фале