Фала ти, бевме сабајле со него, по советите од тука за сам да си одбере и го одбра истиот, ми се гледаше како голем да е во споредба со другите ама го вози и си го сака. Само ние 1800 го плативме, сега читам дека си пишала 1500. Иначе одма "монтиравме" и торбиче да може да ги става тракатанците за да му се слободни рацете. Под тракатанци мислам и на кутивче со пеперутки . @emkaemka значи мора да се запознаат нашиве . Сподели што имате од опрема, не ми текнало на лупа, а мрежа има уште од лани. Исто што и да прави имаш пауза, потклекнува и се прикрадува ако му е блиску или залетување без осет ако е далеку. Неколку пати го оставав малото во количка и трчав по него зашто почнав да го губам од видик а он се исклучува скроз. Само мене ли ми е жал што ги убиваме пеперутките, мравките...и језиво што ги чуваме во тегли, кутивчиња...
Примаат женско во друштво? И дундево брка пеперутки, секое дупче за мравки го гледа, ги гази.. нема одење никаде дур не изанализира бубачињата
Случајно на фб ми излезе оваа страница, ми се чини најефтини се од др кај што ги имам гледано базените http://alatzase.com/product-category/bazeni/
Waikiki дефинитивно, 299 3/1 мислам дека се . Година дена не се мрднати ни развлечени, скоро го подновив оти веќе беа мали старите
Што немаме @Minnie-e Јас се поврзувам со инсектите, па и Лего е насочено кон нив, не ретко им правиме куќички, слајмот им е море, кинетичкиот е плажа Од докулатки за ловење тоа е тоа, мрежи, чашки, лупа, има мојов и книги, листаме и тоа. Деновиве хит се хилихоптерчињата, денес принтавме и сликички и ене го едно на комода го чуваме веќе 4ти ден Ќе ги упознаеме кога сакате, со убаво да се вози и тротинетот Џамбо тајм, утре ќе се лета по жешково
Ова Сурф парти сетот за плажирање од Вајкики ли е?Многу убави. Имаше од лани слични ама не можам да ги најдам, кој знае кај сум ги наместила.
@eli25 Од каде бетмен комплетот? Мојот е луд по бетмен му купив 3 пара од овие шпикозни и плаче кога го соблекувам
Емка од каде да купам мрежа за ловење пеперутки? Барав во неколку локални продавници за играчки, немаше.
Џамбо има голема 249 и мала 149, многу се убави, цврсти и се, но се само за пеперутки, широка е мрежата. Други имаш во Галакси 80 поголема и 50 помала, ОК се, квалитет како ќе ти се погоди, дршките се послаби, бамбусови и се кршат, мрежите се убави. Но опција е да си смениш дршка откако ќе се скрши
@FreeMind презадоволна! Ептен е кул. Многу ми е по ќеф. Нормално, јас си го бирав малиов уште не разбира да бира. Многу убави бои имаат. Инаку многу е стабилен. Наменет е за од 1 година. Се пушта за седње и да се бутка со нозете. Мојов за седење не беше заинтересиран па го кренавме и се вози така. Незнае да се бутка. Само ќе се качи и ние ќе го залетаме/бутнеме и така се вози и многу е среќен. Знае да држи рамнотежа и знае да застане да се симне. Незнае кочница да користи, туку коа ќе се намали брзината се спушта со едната нога и така застанува. Има три нивоа на висина и за седење и за стоење Следното лето очекувам да научи да се вози сам. Го земавме сега бидејќи има и седната позиција па летово така да го користиме ми беше замислата
Ги имам тагнато на сликата, преку профилот на инста го договорив. Мислам немаат продажен салон. Само што почнаа да ги увезуваат