од каде ги земавте?баш интересни се . од каде се сложувалките со фигури ? од која возраст може да се користат ?
Со ништо не покривам. Ако му префрлам макар и тетра автоматски добивам клоци во бубрези де додека не ја тргне од себе
Скрос исто Јас во свилени кратки пижами, спијам со тенок чаршав, мм изролан во фротирка од глава до пети, бебе по боди на кратки и никако не поднесува ништо, макар и тетра.
Само на боди спие? Ние со отворен прозор цело време спиеме ради неа. Овие два вечери е свежо она на боди на кратки и ширум отворен прозор. Летната вреќа е претенка и од кога ќе заспие само ракавите и ги облекувам на рамена и не смеам да ја закопчам веднаш се буди. Ние со јоргани спиеме до неа, дури не ми е нормално толку да и е топло на малава. Ама пак ни кива ни знци за настинка што значи и одговара. Наутро е мраз ладна и уши и раце кочан.
Al Marely kids во Куманово. Исто и ова,ама вчера неќеше да се прикачи,голема резолуција,па сликав денеска пак.
Со памучно "ќебе" што го добив на повојница арно ама пошто ја наоѓам откриена редовно, фајде од него нема. Инаку догодина ќе треба да ѝ купиме нов кревет, па планирам и фротирка за возрасни да земам. Децава се чудо! Мојава е радијатор, ако легне да спие до мене хеликоптер изиграва. Сабајлево беше баш свежо, јас ја покривам со тенок чаршав она у иста секунда го шутира, а ја со фротирката покриена до врат
Веќе 2 недели како не се покриваме со ништо сите 3ца. Спиеме на кратки и надоле и нагоре, малата често само по боди спие. Прозорците се затворени се уште.
Јас така не можам ни да легнам. На 40 степени надвор јас си вадам чаршавче како баба ми и половината си ја покривам