И јас сум зиморлива, уште носам долна маица затоа не ми треба ништо преку половина, инаку да ми е голо нема шанси.
Еве ја внатре, има објаснување како изгледа дино, кое е, макета да го споиш. Баш интересна е, мојов е заинтересиран. Топер, мислам 199ден беше.
Од Лотус М Струмица , имаат профил на ФБ можеш да ги најдеш. Инаку ги зедов за ќеркичката која има 20 месеци, а и синко кој е скоро 3 год уште знае да ги реди и демек ја учи сестра му како се викаат животните
@emkaemka не купив. Ниедна не ми направи мерак. Има уствари една голема (огромна) во Анаконда се полни со 1,7литри вода ако памтам убаво ама ќе треба да стои кај бабите и се откажав. Вие може да ја видите за во дворче. (Чисто како идеја, јас не ја загледав детално). Изнакупував мрежи и кутивчиња сега и ровариме надвор. Почна и риби да фаќа (собира) ама среќа што штом се прибравме дома подзаборави. @Seduction купаќите од екстрем интимо. Извинете што ви враќам после толку време, ми се скрши телефонот и преживував без него додека да се прибереме дома
За сите љубители на Патролни шепи. Немам купено вакви,ама ги видов,па може на некого ќе му требаат. Не е проблем што ставив овде слика
Немаме толку неискористен предмет како точаков, па уште два имаме, еден дома еден кај моите....фрлени пари на празно, ептен! Барем за нас, мислам и за многу други е исто.... Кога сака да седи е во количка, после тротинет, трчање, шеткање за рака, точак на помошни веќе околу 3 години....се само не ова бескорисно чудо...