Јас се јадам Нема смисла ова...кога е мало и не допира на педалите или допира но нема сила да турка, го туркаш ти, па веќе кога туркаш нека ужива удобно во количка, кога сака да вози веќе е време за нормален точак на помошни, баланс и тротинет....страшно се каам за фрлените 10 000ден за двата точаци....се тешам второто и евентуалните внуци нема да фрлаат пари хаха
Јас пробав сега да и дадам да го вози, ама пак не и фаќаа нозете. Не е ниска, баш е повисочка од просечните дечиња. И зедов точаче со помошни. И во право си, апсолутно нема никаква поента дете што оди, трча да треба да седи во точаче и ти да го „возиш“. Поентата е само да управува, да учи, моторика, координација. Мене место ми фаќа во подрум. Едвај чекам да го откачам.
Мене многу ми беше практично точачето, ептен ми е користено, баш го препорачувам. Немам исто како на сликата, но непто слично е.
Јас најискрено првото точаче вакво го добивме на поклон за роденден за првата керкичка пред 9г пластично беше го изнавози, за втората и купија од оние металните по 3000што се исто и она ако е 5г пак му се качува и затоа за најмала а го земавме ова(од парите од првиот роденден) и ми се свиѓа што се склопува се надевам ќе има иста судбина и ова како другите
Двете книги се многу убави. Посебно таа со бубачките. Моиве многу ја сакаат. Само ме збуни дека се нови изданија. Ние ги имаме со години, веќе се партал направени од читање.
Везе немам, јас ги немам сретнато, а дечкото ми рече дека се "нови изданија" Да не мислел дека повторно ги печатат, дека ги немало ете некое време/година
Да ве прашам книгиве дали се со убави дебели страници малово постојано врти списанија ама си кине со прстињата од нив сакав од просветно нешто да и земам како разгледници и слично па ќе ги побарам овие со бубачките
Дебели страници се, со прозорчиња, е сега нема да ги скине страниците, но ќе ги скине прозорчињата Земи некои со дебели страници и без прозорчиња, сум зимала и од Просветно и Топер. Топер имаат и меки книжиња, баш да не може лесно да се скинат
Nasiot e 12ka , visok e 105 cm , ama go vozi bez pomosni . So pomosni moze i pogolem , najubavo da sedne ,site modeli se razlicni
Јас на син ми 12ка му земав ,убаво може да ги врти педаљите ,на 14ка неможеше да ги достигне ,мој совет ти е кога ќе го купувате и него да го носите на лице место да си проба ,бидејки од точак до точак има разлика .
Тетка и на мојата и купи 12ка. Го обожава, прво седнување и одма почна да вози. Месецов ќе полни 3год и и е таман.
Голем е 14ка за 2,3год. Мојава вози 12ка од батко и... скроз доле седиштето и рачките и таман и е ептен. Височка е 95,96. Додека син ми е 122 може и плус.. И го возеше и он за учење без помошни Спојлер: 12ка Еве го новиот на баткото голем, 20ка. А еве го тој погоре од спојлерот "нов" (уште некој стикер и баш нов) Мое дело
преубав излегол, браво : ) 12ки има слаб избор, само макс два типа најдов а и јас сум за 12 ка некако ..
12 ка се премногу мали, и јас бев за 12ка ама кога ги видов минијатурни. Синко ќе прави 4 години во август, 14ка никаде не можевме да најдеме, рекоа заради делови немало, па му зедовме 16ка. @emkaemka која цена се книгите?