Ги гледав ама бебешки се до 21број, малата 22ка носи. Во тие поголемите се ми е некако спортско и гломазно. @monik55 ќе видам сега уште кеги колев.
Убави ми се тие со јаготката, само да и го измерам стапалцето, може ќе и биде и 23ка. Патиките што ги има се 16см а 22ка,овие 23ка а 15.5см И цената е топ. @Milaаа991 фала женски
Сакав и јас за момчево да земам ама се премислив да не фрлам пари за кратко,па ќе му земам во септември кондурчиња. Сега носи вакви и супер му се лета како авионче. https://www.dsport.mk/adidas-decije-kid-sandale-altaswim-i-n76374
@BabyT* ѕирни овде mond.mk , баш денеска ми се појавија на фб. Детска линија на Ипанема. На одредени модели имаат и попуст. Овие се измислени за летно време. Прсти заштитени, меки, гумата е убава и квалитетна. Па и ако се шлапкате негде летово, со истите можете и во вода.
@BabyT* Ги има и во Спорт М вчера ги гледав, на овие со буфот им фрлив око. Имаа и мали броеви, таман може да и пробаш.
Јас некако сакав по елегантни за со фустанчиња Инаку вака кога трчка ќе и облекувам патичиња, некако не ми е уште стабилна во одењето, си ги прелетува нозите и и се виткаат кај глуждот.
Дсм Куманово има елегантни плус ортопедски се. https://www.facebook.com/Помпа-Куманово-Продавница-за-детски-ортопедски-чевли-107839697490803/
@BabyT* Види енцименци имаат попуст на чико чевлички. Баш така поелегантни нешто. Јас не успеав бројче да најдам, тоа што ми се свиѓаше нема. Види за женско ти што има. Ние имаме од овие гумените од ипанема, не се баш стабилно и цврсти кај глуждот. За оваа нашата возраст не би ги препорачала. Ние ги земавме за на базен и за во вода, дека гумени да не се мокри. Инаку така за шетање и трчкање не би
Сите шорцеви во Ваикики ги купив само сандалките се од Џамбо, не верувам дека ќе ги носи дека се апостолки, ама преслатки беа. Играчки од Џамбо и книгата од Просветно дело.
Во Ср во Ваикики немаше ич шорцеви за девојчиња Овие се преубави, се надевам ќе донесат и овде. Со здравје да се носат
Поназад се зборуваше каде купуваме гаќички за деца... Еве ги тие од Кит-го од кои јас сум многу задоволна. Оваа фирма е 179 ден, а има уште едно различно пакување-друга фирма, од 209 ден.
Јас добив на поклон вакви и пријатно сум изнадена. Во веро ги има кај нас. И маички има, ама немам такви. Имаш ли да кажеш за квалитет?