Јас за трчање во природа и ги зедов овие: Еве како се виткаат: Мојата кога ќе ги носи си гази на прстенца,што во сандали не го прави.Анатомски не се,ама се убави за трчање.
Ги купивме пред 1 месец од Мегаспорт околу 1700 ден. , ама би требало да ги има и во другите спортски продавници Спорт М или Спортвижн.Пробувавме повеќе модели ама овие беа најлесни за облекување и најлесно се виткаа.Презадоволна сум. Инаку носи број 23,а овие се 23.5 таман комотни.
@Milaаа991 Мојот ги има овие најк, добри се и лесни ама мене сепак tanjun моделот ми се подобри. Ве убив со tanjun ама стварно се најмеки и најпогодени за нашава возраст. Машките tanjun ги нема па затоа јас овие ги земав како замена. Ама женските ги има. И баш е убава бојата. И двата модела ги имаш во спортвижн. Овие околу 1.600 ги земавме. Јас сега по 4ти пат му ги нарачав tanjun за трчање најдобри. Од 19ка бројка како почнавме, му ги зимам секое бројче истите За овие од хм, ги бендисав и јас, ќе ги нарачам со mickey. Не очекувам да се удобни, повеќе за онака чат пат дизни дотерување лани имавме слични од хм, не се виткаа воопшто ама ни се најдоа за понекогаш. Ако сакаш почекај јас да ги земам па ќе те известам и ќе ти сликам како се виткаат. Планирам следната недела да ги нарачам. Се мислам за бројче. Треба кај една пријателка да идам да му пробам...
На нас баш за тоа ни е намената, за секој ден се знае удобно треба. Мојата ко што по цел ден игра во двор овие ако и ги облечам лом ќе ги направи.
Јас порачав 25ки од Д спорт намалени беа мн, едните 836 ден др 930 ден. Не се за сега, за на есен ги земав, големи му се ама да искористиме попуст
Лаки се виткаат ли тие високите? Ги бива за нашите деца, да не се крути многу? И јас баш размислував таков модел да му купам за на есен,ама некако кога ќе го погледнам ѓонот и дека е кожа/скај цело одозгора,ми е страв да не му се неудобни и да не може да витка нога убаво .
Не многу, ама нз па вака позимски модел да се витка мн дали има, нека кажат поискусни со поголеми дечиња, ама синко ги бендиса ги облече и одеше со нив,па и зима нема ни многу да оди хаха ќе земиме чизмиња тогаш за во снег па адидасот не сакаше да ги слечи, ги носеше низ дома и се сопкаше, големи му се, ама не даваше да му ги слечиме
Извинете доколку прашањето не е за тука но ме интересира мислење. Досега купувавме чевли од цицибан но сакам сега за на есен патичина па според вас кои се подобри Nike или Adidas? Синчето има 1.5 години
И двете се Ок. Само треба да одбереш модел кој одговара, да се витка кај прстите и да ја држи цврсто ногата. Nike имаат повеќе избор на такви модели.