Мајкички, каде да најдам заштитни огради за скали?подрумот ни е отворен и малиот како што од ништо не се плаши, може да летне надолу
Како се со цени? Брзо стигаат? Јас на бејби и фемили онлајн порачав шорцеви кои никогаш не ги добив, а не добив ни одговор, еднаш пишаа дека поради корона не знаат. Порачував и бодиња кои стигнаа регуларно. Сега и со онлајн порачки од зара, не ми се чека од вакви страни.
Овие се 1650ден.Мене за квалитетот цените ми се добри. Се што сум купила максимално го износила, сега и нарачав за зимо тренерки таман ќе ми стигнат. Лани и земав од маалски продавници се и се скуси и не износи, што ако се поефтини. Од кај што си нарачала имаме пишано дека жената не е ич одговорна и не кажува ако касне нарачката или ако не стигне. Додека од тука супер комуникација имам и се ми стигнало дури и за побрзо. Конкретно тренерките ми стигнаа за 2 недели ама си знам и си порачувам со време.
Ќе му ги земам овие,сега му мерев ноџе 15 цм му е а 25ка ва е 16.4,белким нема да му е многу голема. Ќе пробам после до тоа во Рамстор да го однесам да проба.
Не не малски продавници, Зара велам. Од малски продавници само breeze купувам, и јас неколку пати зедов и се се направи со упки и избледе. Бодиња на џорџ се покажаа подобри и од картерс. А за таа цена има и поквалитетни брендови, барем по мое искуство.
George зимам и досега сум презадоволна. Зара ми претерува со цените, освен кога има попуст е ок. Кај нас нема баш избор на квалитетно.
Точно, ама па и џорџ не се нешто евтини. За малку пари кај нас само ваикики има квалитет. Ни окаиди ни картерс. Плус ме нервира што лупаат цени и на џорџ, по 7 10 фунти се комплет тренерки на сајтот.
Картерс со ценине. Не им влагам веќе. Се стара роба, попуст на ништо. Ако сте приметиле на етикетите пишува од која сезона се. Е па не може бе боди од април 2019 да не го снижи ни денар?!?! Или земаат само аутлет, а тука продаваат како прајм.
Точно, затоа не отварам да ги гледам таму цените, да не се нервирам George се ефтини ама не кај нас, кај нас до душа се е скапо од тие 'марки'