Само од овие имало,500 ден. И мене не ми се допаѓа бојата ама битно светат а бебево препукна од радост.
Моник добри ли се за одење, меки ли се? Ако се виткаат и се удобни да му земам и на моето, сигурбо ќе им се радува.
Искрено не се многу меки ама вака за радување добри се,го гледам убаво оди и само тупца за да светат.
Од Џамбо се и гаќичките и гитарата. Гитарата има музики и е ептен јака Гаќите се супер нит се собрат нит растегнаа. Немаат ништо машко на нив како на Ваикики што имаат... види ги може и девојче твое да ги носи
Од каде овие и од каде пижамите од прошлата објава? Денес треба да одам да и купувам и баш ми фатија око и тие и тие. Меки се патиките?
Ние имаме сличен, без рачката отпозади. Цврст и стабилен е, еве големава дури сега на 6 год. решила да го вози а рачката ѝ е до стомак Само мој совет побрзо да ги тргнеш додатоциве ако сакаш да научи да вози, инаку ќе му се види убаво некој друг да го бутка Малава пример (мислам неколку месеци е помала од твојот) е мрза да го вози трициклот, ние ја буткаме и незнае да врти со нозете, ама кога ќе се качи на тротинетот сама се бутка дури поуспешно од сестра ѝ
Епа тогаш да земам без додатоци,ама овие некако најмали ми личат. На трицикалот само дреме со носете на педалите не ги стига убаво за да врти.
Sport Reality патиките, 1500ден, премеки и многу и се лесни за одење.Пижамките од Брендирана облека за возрасни Лондон и тие 1500 трите.