Истата е страната. Чекај да проверам во чатот цената. Не сме пишале. Ова било пред повеќе од година дена. Највеќе да било 1200. Не беше повеќе.
Еве го нашиот: Многу се нежни, како свилени, вланкната им се скроз кратки и се мазни целите. Мој совет е да изберете некој со потемна боја, нашиот е многу светол и веднаш се валка, па морам да го покривам за да не го перам секоја недела. 1200 го зедовме од теписи.мк
Тренерчињата од втората слика се можеби нарачани од некаде? И некој друг претходно видов имаше купено, многу ми се свиѓаат. Се е многу убаво, со здравје да се носи.
Мајки, каде има топлинки кои не се анатомски? Во Пеко се анатомски со перниче. Кеги какви топлинки имаат? Ако може некоја да стави линк од оние кожни топлинки со фенси апликации, јаки бои и околу 1500 денари.
К Кај нас се Hippo.mk Јас лично од овие сум најзадоволна иако од странство ги порачував, истите се, само кај нас поскапи.
Ви благодарам на двете. Дебели се внатре, имаат волна? Мене и за сега ми требаат, на тераса наутро е ладно. За сега би сакала некои со ѓон а за зима вакви, секако ке му порасне ногата.
Не, кожени се. Како на босо да газиш се, а сепак топлат. Јас за в градинка им купив цицибан ама катастрофа, се сопнуваа моиве.