Бев во пеко, цицибан со перниче се, а јас барам без, како патики најк адидас што се. Ама скапи се, 23 24 број 1600, и карго...
Каде да порачам онлајн долна облека и пиџами за момче? Тритекс има проблем страната, па дали има некоја друга онлајн продавница?
Фала што сподели Баш и јас сакав да земам светол, тој со ламата, ама добро е што те прочитав. Сега ќе бирам меѓу други два.
Имаат анатомска влошка, јас барам рамни. Плус немаат продавница, ке треба да се малтретирам со карго. Во Кеги Колев се рамни внатре а имаат разумна цена 790. Ке одам деновиве да видам дали се лесни и меки. Најзгодно ми е јас да одам да купам, синко и маж ми ке ме чекаат на кафе доле, ке проба синко и ако треба веднаш ке сменам број.
Си ги видела Doss топлинките? Ги има во Мат стар, околу 600 ден се, имаат анатомска влошка но се вади. Сосема солидни се, еве големата ќерка што ги носеше во градинка све чувам, само исправ и сега помалата ќе ги носи.
Фала ти. Сега ке ги видам. Не знам овие со ѓон какви се, не знам која е најдобра опција. Можеби мек силиконски ѓон би било подобро ама каде да најдам? Ваикики имаат ли такви? Патиките им се претешки, не знам какви би биле топлинките. Сабајле сака да шета по тераса, а ладно е да го оставам бос, му облекувам патики за надвор. Еве во окаиди на какви налетав, ама цените се лудило.
Има во ваикики јас пролетта купив и ок се за цената. Гумата е многу мека и не се тешки. Сега не сум забележала дали ги извадиле.
Кое бројче носи твоето? Чинам околу годинка е старо. Проодено е така? Можеш да земеш и од оние со меко ѓонче што се за деца кои проодуваат и лесно што се виткаат (тие одат до број 20), не мора да е класична топлинка зашто тие се со дебела гума одоздола.
Кога ќе стигне новава колекција од вајкики кај нас? Ни 5% од ова што гледам на официјалната страница нема кај нас, а баш интересни работи видов..
Мислам дека никогаш. Кај нас никогаш не стига ништо. И за возрасни, секогаш стига дел од колекција, ама зборам за било кој бренд, зара манго ваикики. Па и во продавниците никогаш нема исти работи. Во сити мол едни, во рамстор други работи.