Затоа што даваат грешни информации и не е соодветен речникот/дел од прашањата за соодветната возраст. На пример, според просветно дело, кучето живеело во кочина, а овцата не дава млеко. За деца кои сѐ уште учат животни, звуци и бои, користат зборови како мембрана и слично...
Јас сега гледам. Од просветно дело. @Septemvri веќе пишала фала На македонски јазик е и бебе го сака. Ги кажува животните, има неколку песнички и поставува прашања. За парите 550 ден сега на попуст е добар.
Не сме стигнати до тие детали.сега сме во фаза како први кучето, козата... Инаку заради македонскиот јазик го зедов. Овие на англиски што ги имаме се далеку подобри и поскапи.
Сѐ тоа убаво, само како да не обрнале многу внимание на јазиков. Ако навлегуваме во детали и дикцијата е лоша, типично скопски. Мене лично многу ме разочара. Дури и јас згрешив на неколку прашања на почетокот. Спојлер Прашање: Кое животно има ленти? Понудени опции за одговор: коза, овца, крава, маче, куче, коњ, магаре, кокошка, гуска, прасе
Ајде баш ќе одам да побарам. Сега тоа ми дојде на ред , во потрага на убај едукативни играчки сум ако имаш уште некоја да ми предложиш и од каде е купена, слободно повели
Убави има во енциенци менци. Далечинското исто на истата слика со таблетот го имам на leap frog за игра и учење е преубаво, но на англиски е. Околу 1100 беше. Онаа на vtech -catch me if you can исто е за вака темпераментни деца, со имитација на звуци од животни, но пак на англиски. Исто конусот со колца го реди, и оние чашките од најголема до најмала се сега фаворит. Ако сакаш ќе ги сликам. Од Chico го имаме циркусот но мислам мала е да става форми и бои. Моментално најмногу ужива да игра во кујна со посатките. Спојлер Машкоданка. 3 мин пред сликање чорапи и ставив по 100 пат. Џабе
За јазикот и јас коментирав. Ако можеш слушни ја две рачички на you tube и обрни внимание на говорот ушии кај " Оп на раменца и оп на коленца " Звучи како " уп на рамјенца " Сигурно и ти не си од Скопје штом боде уши
Ај и јас да се замешам како битолчанка Најдобрите едукативни играчки ќе ги најдиш во книжара. Ги имаме сите можни сликовници/книги и малата најмногу со нив се занимава. Јас купвам од Македонска книга и Просветно дело. Таму ќе најдиш еден куп дрвени играчки, некои од нив по методот Монтесори. Фигури кои влегват една во друга, прстени ко шо рече Пресреќна, и хит кај мојата - гумени диви и домашни животни ама да изгледаат реалистични. Го имаме и таблетот и јас појќе од неа се радвам И да, имаме едно прилично мало бебе кое го раниме капиме и преслекваме. Поздрав
Срце е! Мала немирка ама и треба да се такви овој период Иначе да, сликај ми ги конусот и чашките ако сакаш Со чорапите исти сме, мојата никако не ги поднесува, самата си ги вади, и најново си ја витка ногата и си го лапнува палчето и успеава хахаха на врвот го лизнува, сака да го шмукни, абе чешити сме
Битолчанка и ти? Не знаев, супер, мило ми е. Добра идеја, ќе тркнам до Просветно дело и Македонска книга, па ќе видам шо ќе ми фати око.
Да не се скапи воопшто. Првите жолтите панталони и модрата јакна се потанки за дожд и беја околу 20 евра заедно а тие светло плави се од лидл и се подебели многу убав квалитет се, долните беја 8 евра а горната јакна 12 само малку поголеми ги зедов А чизмите светат кога ќе оди ептен им се радува.