Кога нарачував ми рекоа најнови производи им се и сеуште ги нема по продавниците. Ова пред една недела.
Знае ли некој да ми каже дали садоперот од Џамбо работи на батерии,на ист принцип како оваа што ја купувавме по 1000 ден од Играчки за деца? И колку пари е? И дали бил некој скоро во Џамбо дали ја има?
Дали имате видено високи патики од најк или адидас за деца (23-24) ама да бидат со врвки? Гледав имаат некои ама не се со врвки туку со ластици,а бебо има висок рис и дебело ноџе и нема теорија да му ја облечам патиката...
До сега што сум ги купувала патиките ако биле со ластик во кутијата со нив доаѓало и ќесенце со врвки па ќе го сече ластикот и ќе нанижев врвки. Ако од високите патики се со ластик и плус лепенка, исто ластикот ќе го сечев и ќе нанижев врвки ако има во кутијата што одат комплет со патиките ако не од некои патики што веќе не ги носи.
Идејава ти е супер ,ама како да му ги пробам во продавница дали му се точни,дали убаво гази со нив?..
За во продавница само да ја расиреш убаво кај ластикот што е за да може да ја облече, после тоа за дома лесно е. Ако е поголемо детето над 1,5г веќе може и напон да даде за да ја бутне внатре. Првите зимни патики и беа високи и со ластик а има дете од година и некој месец и ич неможеше да и ги облекувам, додека лади поголема и повеќе знаеше како за ја бутне ногата