Случајно,барајќи нешто низ темава,прочитав дека го имало и во Анаконда по цена од 569 ден,според слика истиот беше и во Џамбо,ама за 799 ден. Жал ми е што не видов порано,за таа цена ќе купев,сега ниту ќе сака мм,ниту пак ми се исплати да одам пак за Ск. Друг пат.
Тротинет добар, стабилен за 2 ипол годишно дете кај има? Разгледував по страниве ама немам искуство со тротинети, па ме интересира мислење.
Јас купив за малата од Локо Кроко. Секаде го носевме со нас, бидејќи се склопува, таа го многу сака, а јас сум задоволна, убави, силиконски тркала, стабилен, лесно оди. Погледни на нивна страна.
Ова е дел од подароците за роденденот. Дури сега ми текна да ги постирам Од ова само на тротинетот му обрнува внимание. Кујната само една недела ја поигра и толку. Сега фаќа прашина.
Мини кажувај од каде го најде овој модел на Најки тренерчиња? Јас среќавам 3 исти само. Кои веќе ги има. И тоа адидас. Од Најк ништо.
Имај надеж. Мојов еве после повеќе од пола година ја заигра сега. Му дадов пре некој ден макарони сам си отиде кај неа и почна да игра.
Знам дека прашањево не ми е баш за овде, ама не знам ни каде би го поставила. Бирам патики за мали и засега изборот падна на адидас хупс. Дали некој има искуство со овие патичиња за мали деца.
https://www.dsport.mk/adidas-decije-kid-patike-hoops-mid-20-i-n72498 На овие мислиш Ано? Ги земавме ние пред некој ден. Не се лоши, личат топли. Само мене ич не ми правт ќејф, оти сакав Џорданки да биде комплет со палтото. Ама нели тука нема ништо.Единствениот модел кој го има, го износи. А кај вас поради ситуацијата не ми се доаѓаше. И ги земавме тие. Црно-црвено. Ги носеше денес, убаво оди. Не прави проблем, ги бендиса.
Ете на право место се обратив. Да баш за овие. Прв фаворит ми се белите со баскетче, втори од спорт м (мислам таму ги гледав) има на некоја маслинесто сивкаста нијанса со роботко или црните. Црните ако му ги земам и јас за мене ќе си купам исти