Кај нас ги немаше овие модели.Заникаде сме. Да имаше со баскет гарант ќе ги одбереше тие со татко му. А сакав да ги проба, оти како расте немам орентација со бројките и моделите. Ми се допаѓа што се убаво обложени со материјалче, не се млити. Оти прво се залетав за едни Најки, ама немаше број, а беа далеку по тенкички, ако високи.
Ти си требала да пробаш за број па да нарачаш шара. Ама мене и црните ми се допаѓаат. Благодарам, тие ќе се. Да ги нарачам дур не ги снемало. И оанака голгота дур најдам и се одлучам.
Задоволни ли сте од обувки на зара? Ми се допаднаа едни за синко, на апликацијата ги гледав, не знам во живо ни дали се лесни ни меки. Во ваикики гледав, ми изгледаа дека се тврди, а најевтини се, 900 1000. Се мислам, што може зара да се подобри од ваикики, и тие и тие не се кожни. Не знам воопшто ни какви да гледам. Овие не се кожни ама ми изгледаат дека се топли. Или кожни се подобри? Кеги добри ли се? Топлинки имам од Кеги Колев ама се разресија кај лепенките, за 800 денари очекував повеќе.
На муабетот за истиве обувки од спорт м... Само онлајн се цените? Глеам на сајтот сите шо ми се свидоа само онлајн ги има...
Искрено незнам. Мм прееска беше во д спорт и таму ги имало. А баш тие што ги бендисав најмногу ги има во бисер во двата дуќани што држат спортска опрема
Зара се тврди, не се баш за скоро проодени. Ваикики имаат ок моделчиња што се виткаат и се лесни ама не толку топли. Кеги.... И јас сум разочарана, сандалите од 1м носење се уништија.
Зависи што се смета за скоро прооден. Од 11 месеци од од точка а до точка б, од 1 година оди според ортопедска дефиниција, на 13 трчаше. Додека да дојде време за чизми ке помине уште еден месец. Можам да сметам дека е саглам прооден? Кеги мислам дека се вадат на стара слава, навистина очекував повеќе за тие пари. Во ваикики топлинки се 350 450 денари, а убави се, ги гледав ама подоцна ги изложиле, веќе имав купено. Плус чизмите секаде се по 2500 3000, сакам да купам нешто квалитетно и удобно. Цицибан се ортопедски, во право сум?
Убави се, нема збор, и на око, квалитетни и удобни ми изгледаат, ама ортопедски се, јас барам без таква влошка.
Од sport vision во сити мол се овие. Во помалата продавница (детската) беа последни. Во другата имало изгледа уште некој дуксер. Колку што гледав после на сајтот имало и во гтц комплет. Мене за малку ми киднаа комплетот и за поголемиот. Комплет беа редовна цена околу 3100 а вака само дуксерот 2700
Не знам, не сам проверила у дуќано! Јас ги порачих, за 4 дена стигнаа! И мене жолтото повеќе ми се допаѓа, појака боја е, ама две сестри па да си ги разликуваат!
@koritsaki бев денеска до h&m, ги видов чизмичките што ги имаше постирано, стварно ср многу добри, и се со крзно од внатре, мене добри ми изгледаа за зимата, незнам дали момата ти оди, мислам дека на мојата нема да и прават проблеми, не се крути, секско ќе ги земам здравје крајта на месецот