Да, супер се, воопшто не се крути не оди уште моево ама доволно се големи додека прооди ќе и порасне ноџето
Здраво, дали некој има искуство со овие патичиња? Син ми е 14 месеци, почна да оди пред еден месец, за чизми мислам дека нема да е стабилен уште зимава па сакав високи патики да му купам? Дали се лесни за одење?
Што е со муабетов дека тазе проодено дете не е за чизми? Нови се, иако личат на стари . Ги облекува во продавница и до дома веќе се стари Инаку првпат му земав обувки од Зара, ептен се меки овие.
Емка кај има модели на овај бренд. Малата имаше лани чизми од овие ги изнаноси (од србија ги зеде мм) Сега по кутијата ги познав не знам шо бренд е
Јас се сложувам со муабетов иако не налетав кој го начнал. Мојава се нервираше лани кога ќе ѝ облечев чизми за снег. Како робот одеше. Зборам за дете од година и пол. Според мене веќе над две години се поснаодливи во чизми А баш дојдов да ми дадете совет за чизми, поточно ми требаат онлајн продавници со достава, сака тетка им од странство нешто да нарача Освен Кеги знаете други? За класични чизмички, до глужд или високи сеедно.
@Ano кај нас не се погодија, 2 пара земав дете одеше како робот и ги влечеше нозете. Лабави се многу кај глуждот и стапалото нема убава поддршка. Кеги и Колев до сега ми се прв избор, Цицибан обично зимски чизми земам, мислам дека најубави и најудобни му се на дете. Топлинки од ваијкики, а од Зара неколку пати ама за дотерување, крути се бајѓи.
@Кристина05 овие патики се крути за тазе проодено дете. На најк летните модели се баш меки,ама па за зима . На моето му купив адидас алтаспорт цфи ( како овие што си ги постирала,само ниски) ама сепак се покрути,и повеќе се сопнува со нив,веројатно додека да ги навикне и да ги разгази,а оди стабилно 3 месеци. Мислам дњка ќе му е тешко на твоето да оди во нив. Не се препорачува чизми зошто нема мека чизма,сите се крути,па затоа и тазе проодено дете не би можело лесно да оди во нив и би се сопнувало. @Minnie-e чизмите ли се од Зара? Меки се? Ги видов на поминување само,околу 1500 ли беа?
ДСМ Куманово имаат убави чизмички ортопедски. Еве листа каде ги има https://www.dsm-ortopedika.com/kont...SGvnbzIWgc6msCQc1SL5vQjevhkMpYtVvapvPGDcsopes
Ги прошетаа веќе со мм и вика убаво одел. Стабилно, не се засопнувал. Друго подобро есенско не најдов. Јас за првата зима имав едни најк чизмички од внуците наследени. Единствена зимска удобна чизма. Мека внатре убаво поставена. Штета не сум ги видела кај нас. Тие од Солун беа купени. Ваков модел беа. Ако некој види да ги донесат кај нас нека пише
Кити земи ја патиката и изгмечи ја кај прстите, виткај ја едно 10пати убаво, што би се рекло измалтертирај ја да омекне. Вака мене ми кажа ортопедот и функционира
Фала на одговорот Претпоставував дека се крути, стварно незнам какви да му купам за зимава да му е топло на нозете
Среќа што прооди моето во јуни па летните супер се погодија. За зима да проодеше и јас не знам какви би купила. Еве,нека кажат оние чии деца прооделе во студено време. Или како што вели @BabyT* земи Адидас и виткај ги да подомекнат. Ќе пробам и јас,и мене така ми препорача ортопедот. Му ги пратив јас и двата модела да ги види,ми рече дека се добри и тие ти што си ги ставила и адидас алтаспорт цфи,ама членките пишуваа дека овие високиве биле понезгодни за одење. Едит: Ги изгмечив и ептен омекнаа. Како ќе оди ќе видиме утре,па ќе пишам.