Нема ли да е ладно за патики? Мене ми е ладно во патики, па и на синко ке му е. Мене кога ми е ладно на нозете, на цело тело ми е ладно. Сега читав едн членка купила чизми од зара и меки биле. Ако знае некоја да ми каже, на цицибан се вади ли влошката?
Еве чизмички меки и удобни , лани ги имавме , исто како патики се , не се ич крути , многу топли и не пропуштаат . Препорачувам
Моево прооде зимо, ама ретко надвор одевме. Не заради ладно, туку во скопје ретко кога не е загаден воздухот во зимо. Имаше едни чевлички до глужд од цицибан за чат пат. Лани за градинка ги носеше овие ко @ada21 што ги ставила. Супер се иако не би ги облекла на туку што проодено дете.
Во патики- високи. Ама како што гледам немаат уште за бебиња до 3год прикачено чизми. Освен еден модел за кој нема број. Тек ќе има, сигурно.
Фала. Отворив и истото го видов, затоа прашав под кое име. Има едни најк, ама не можам да проценам какви се. Плус за тие пари би купила цицибан, ама ме кочи тоа што се ортопедски.
Не брзај. Почекај, секако ќе има модели уште. Овие се ок, ама не сум сигурна дали се водоотпорни навистина.
Ако бараш таков некој тип, адидас терекс. Од година и два три месеци му го земам истиот модел, не пропушта и на зимување одевме со нив.
Во моментов нема ништо на понуда од терексот. Баш гледав и јас. И малиов износе едни лани зимото и на снег издржаа. Потврдувам дека се супер, иако пак се крути за секој ден според мене.