Јас последно порачав од Нарачки за деца, стигнаа производите, задоволна сум. Некоја ме праша за чизмичките од Зара. Ептен се меки, околу 1700,1800 беа. Имаше едни ептен слични ама премногу беа крути тие. Иако јас му ги купив онака, есенски. Инаку лани му купив од Геокс, презадоволна бев. До глужд беа, внатре со крзно, водоотпорни, а на лик како кондурчиња/патики повеќе. Ги износи и на суво и на снег . Првата година му купив од Чико, иако ретко излегуваше сепак за на снег му ги облекував. Малово за почеток ќе ги доносува тие од бато (освен ако му омалат). Сигурно ќе оди смешно (тешко) ама за на снег не би му облекла ништо помалку од топла чизма. За на суво има патики.
Незнам што да коментирам. Му пуштам слика,прашувам за цена и големини,ме прашуваат на што ценаПа враќам коментар на сликата погореи толку ги снема.Пуштив пак слика не ми вратијА.
Мене за тоа одма ми одговорија, за неколку часа. А сега побарав слика, не сликале. Плус рекоа уште малку броеви имале, им се потрошиле.
Превара не е, ама личноста што враќа е.... Јас прашав за цена и после ми пиша:Ајде кажете ги сакате ли, луѓето чекаат одговор
Не знам дали е за тука прашањето добри гумени чизми за девојче? Под добри се подразбира шарени, дизни теми и сл.
https://www.facebook.com/kvalitetna.obleka Имам пишано како ме нервира ова со онлајн продавницине каде што нема ни цена ни броеви на производите, мора на секое кое ми се допаѓа да праќам слика и да прашувам за цена. Nа странава овде фала богу има и цени и броеви и можам да си гледам и да си порачам нешто ако ми одговара без да прашувам по 100 пати за цена. Имам порачувано и многу сум задоволна многу се услужливи.
Тие Ханна онлине шопинг ептен накачени цени имаат. Мм јакната што му на купи на малиот го чинеше 800 денари, а они истата ми пишаа 1.800 ден Бодиња исто.. Огромна разлика во цени..
Чизмите се на George. Од https://www.facebook.com/Брендирана-облека-за-возрасни-Лондон-106722910722652/ А пожарната ни е од Швајцарија ама провери каде се продаваат играчки на Bruder би требало да има.