Мајки се продава ли негде само мрежа за трамболина? Партал ја направиле а и се скинал патентот. Или некое друго чаре да барам?
Нешто од играчките што мајкава само купува. Засега овие се скриени освен книгите. Е за книгите е посебна приказна. Елмер не стигнавме да ја читаме денес, а другата за мајмунчето, засега неславно ќе стои некаде тргната. Детево мое ако слушне дека ја нема мајката, дека била изгубена, веднаш се растажува и почнува да плаче. Па така и книгава ја почнавме, ама демонстративно одби да ја дочитаме. Ова му е веќе долги време фаза. Имаше еден цртан што случајно му залета, каде зајчето ја изгубило мајката шетајќи низ шумата, и иако на крајот ја наоѓа детево плачеше на него. И од тогаш само ако се спомне, одма протестира и несака да слуша. Така и со книгава бидна. А анатомијата знам дека ќе ја бендиса ептен, ама скоро му купив и друга за човечко тело, па оваа малку ќе почека, да ја исчитаме прво таа подетално.
Од просветно дело. Како енциклопедија е. Не сум ја разгледала убаво, зошто не смеам да ја извадам да не ја здигледа, ама колку што ја разгледав кога ја купував убаво и детално беше илустрирана и со текст.
Што е ова? Моето ја обожава книгава. Не знам дали дека беше помал кога почнав да му ја читам или интересна му беше интерпретацијата. Во секој случај се радува на крајот и обавезно се гушкаме
Според упатството треба да има песок, коски од диносаурси и сет за вулкан. Уште не сме го отвориле, ќе споделам кога ќе го отвориме.
Не е жива. Ама диши и спие како жива. Комплет иде со тоа што е на сликата. Преслатка е и ме смирува. Мислам дека нема да стане да прооди туку само ќе спие. И му мрда телото кога прави вдиши издиши.