Шаторче, убава табла, сет со дрвени коцки... Незнам до кој ценовен ранг, ама и оваа куќа можеш да ја видиш https://storybox.mk/kukjicka-za-kukli-happy-day-janod
Не е тоа комплет, јас сум комплетирала, па така слушалките се посебно. Првите и 3тите долни тренерки идат заедно, друго ништо. Инаку повеќе блузончиња и потенки блуски имаше кај поголемите. Има доста избор и на џемперчиња, но мојов тоа не носи. Нашиве се е од кај малите, а долните се сите од кај големите.
Може тука некој ќе се сети, ако гледаат децава ваши цртани на Picaboo, на рекламите за играчки видела некои плишани играчки, што лежат и се покриени со ќебенце. Ги вика рутито бурито ама не можам никако да најдам што бара. Ми ги нацрта, еве го цртежов (ова е вајда Јуникорн, ама имало различни), ако му текне на некој што е ова и како се вика нека пише Ако не ќе ја чекаме рекламата па да видам што е, не де смејте треба за нова година да барам поклон
Еве ти линк бурито се викаат во Србија ги има тука да побарАш во крш евентуално https://www.letoshop.rs/prd/cutetitos-plisane-interaktivne-kuce
фалааа знаев дека тука ќе ме спаси некој, ама ценава е . Ај за нова година е не е страшно , уште да ги најдам. Се прерадува. Којзне дали може да се нарача од Србија
Хаха јас на мах тв им имав снимено неколку цртани маша и Медо и знам кога ги гледаме иде реклама бурито плишанито нешто во тој стил,така ми останало во меморија.Ај ќе се распрашам и јас и ти прашај во нашиве поголеми продавници
На крш веб страната ги нема, гледав на Амазон дали може да ги нарачам 10долари се ама пишува моментално недостапни А жива глупост е, обична плишана играчка замотана во плишана тортиља како бурито . Ќе и смотам една во дел од бебешко ќебенце на крај
Вистина не се ништо посебни за да се толку скапи.Ја има и во продавниците на ,,dexy co" и тие мислам се во Србија.Ако имате од таму некој да ви прати.Да не беше коронава полесно ќе беше.
Колкаво е? Ако разбира,прашај го што сака. Моето побара зелен џип со далечинско, бувче од топ шоп, диносаурус и пижами со елен кои неодамна ги купивме Скромно
Сигурно.. Мојата секој ден нешто ново и текнува Најбитно Мајмун сакала жив... Тоа не го менува секој ден тоа +нешто друго
Од која издавачка куќа се? Денес влегов во просветно дело не ми фати око нешто. Слични и исто имам дома од синко. Овие интересни ми изгледаат
На твое место би земала баланс точак. Таман додека затопли ќе наполни и три години за да може да го вози. Ем е голема ствар ем ќе се радува ем од практична природа два пати да не купуваш голема ствар.