Од Топер се. Многу се интересни. Посебно кутијата книга. Имаш и со животни иста.И дебели се, неможе да кине и да јаде.
Гледам некои од вас нарачуваат од PatPat, а има и доста интересни работи. Ме интересира каков е квалитетот на алиштата и дали се некои кинески срања боени со отров?
Јас имам порачувано 2-3 пати, сеа за попустите сигурно ќе порачам пак. Квалитетот е нешто измеѓу кинески срања обоени со отров, турска роба и НМ шала на страна, мене до сеа се ми се покажало океј, на перење не пуштија боја ниту пак се собраа/развлекоја.
Мами незнам каде да прашам ај тука Од која возраст се точачињата без педали оние,знаете ? Одамна сакам да и купам на ќерче сега ќе прави 2 годинки
Ние за нова година го сакаме Тор, чеканот од Тор и сликовница од биби и боби и куќичката од чоколада. Е вчера го виде Тор и моравме да го купивме. Е сега помагајте! Барем чеканот од Тор да ни го донеси дедо мраз. А во пп го нема нигде, ако видете некаде пишете.
Многу се интересни , фала што објави, ќе ја пратам мајка ми да купи за малово а пред некое време се жалев на моите како ништо интересно не може да се најде за возраст 1-2 години на македонски
И звучната азбука им е супер. На македонски јазик е. И плус имаат едни како хамери, 70х70, може да се лепат на врата или ѕид. Тие ми се следни на список. Ми личат интересно.
@srekice дал знаеш дали може да се нарачува онлајн од овие? Ако е можно да напраам список за кај мајка ми и јас, па да ми ги прати таа.
Види на македонска книга ги имаа мислам а они прават достава. Потврдувам за тие малите книгички стварно се супер за мала возраст.
Ортопед ни кажа дека веќе може да му купиме, значи по 1 година. Ама седиштето на највисоко да е, земајата со прсти да ја допира.
Да можеш. Овие ги нема на страната, ке ти пратам слики. На фб ги имаат. Иако подобро мајка ти да ти прати, скапа им е поштарината, а ти си во Грција. https://www.toper.mk/politika-za-dostava-i-reklamacija-na-proizvod @Sofi.ja Кутијата е 570 денари. Другите се по 170 денари.
Шит квалитет. И полошо од тоа. Плус ни број ќе погодиш ни бутур. Купи си нормална облека не давај пари за глупости.
@srekice види во издавачка куќа Феникс има попуст моментално на постерите, има и др интересни раб, вчера видов Овие картички се со предмети, мојов ги сака