Лош одговор Јас му пишав бр 26, син ми носи 24-25 ама за чизми покомотни сакав, ми пратија 28 и таман му се, ако не, можи да се заменат, значи само кажи му кој број сакаш ќе ти испратат пишав и погоре мал калап се.
Да, знам, големава ги виде вашите на слика и запна дека такви сакала. Но излезе за неа немаше број од тие, а баш за малава само од овие најдовме број Среќа немаше плачки.
Ве читам за чизмите,ние носиме22-23 само што проодевме ме интересира дали се доволно меки или некои да препорачате...инаку ни требаат дома-градинка-дома(И тоа со кола одиме )јас мислев патики зимски да и купам
Јас така сакав едни тренерки да порачам, ама не можеле да мерат. Од друга страна, ама ваков однос. И да видам нешто друго не порачувам од вакви идиоти. За тазе проодено дете патики и тоа не било кои. Додека да прооди убаво треба да е босо или по чорапи, а и ке видиш дека и на самото дете така му е позгодно. Високи патики не би ти препорачала, земи си обични.
Колкаво е детето? Кога му го купивме беше 2 години , многу ми се радуваше ама неможеше да го бутка со нозете бидејки беше мал, а оваа година во дворот си играше многу со него.
Ептен се професионалци Мислам дека вакво нешто никој не треба да си дозволи,а посебно ако сака и да работи онлајн После ваков однос не би порачувала ништо,ама и би им ја ставила оваа слика јавно на страната да видат и другите каков однос имаат кон потрошувачите. Можеби некој од вработените се занимава со онлајн нарачки,па не би било лошо претпоставените да видат колку се арогантни,тоа е помалку од 1 мин да измерат. Ретко кој "газда" би бил вака дрзок и би дал ваков одговор,иако се е можно
Им кажав јас убаво на нив ама џабе ваков тип на човек штом си дозволува вака да напише ништо не го допира. Чудно како им опстојува бизнисот. У една Софија ќе влезеш во трафика и ќе купиш кафе за носење кое кошта еден лев и ќе добиеш културен однос од здраво, фала, пријатно. Немам зборови едноставно...
После ваков однос неќам да ги видам а камоли да им нарачувам. Искрено се чудам како им оди бизнисот, кога предметот "однесување со потрошувачи" ептен го запоставиле. Бар да не го студирав тоа, вака ептен ми боде у очи...
Првите се идеални за оној на кој му требаат за дете по планини, викендици, дворови, за ладно де. Полн погодок за дете што никогаш не облекло и нема да облече хулахопки, ѕиври. Само 549 ден, Ваикики. Е, само два три дезена има, прешарени за мој вкус, ама ќе завршат работа.