Не! Мојов нејќе цврсто, како овие горе лани имаше, едвај ги облече. Па и широки некако се, тешки, никогаш веќе не би ги купила! Ако ти требаат за топло, трчкање, снег јас би ти рекла вакви. Криво ми е лани што вакви не му зедов, многу се лесни, топли. Ги имаш и Мегаспорт, Д-спорт, Реалити.. Јас сега му барав за планинарење, затоа не купив вакви
Па и јас сакам и за снег и планинарење, само не знам дали има модел соодветен за две ипол години дете. Да не му се крути планинарки
Ако сакаш водоотпорни мора да се покрути, башка зимско нели, неможе платно да е, но барем гледај да се лесни и да имаат убаво превиткување. Погоре адидасот ги збореа, но мене ми се тешки за мојов, не би ги носел знам.
Ако ви е точно бројчето нарачувај од овие. https://www.sport-m.com.mk/ProductC...404&Grupa=01&PodGrupa=502&MarketingStatus=020
Женски, ми треба помош.... Дали некоја видела по дуќаниве за играчки кукла-бебе ама величина како оние големите што ги имавме ние на времето во 80-те и 90те?
Ники текстил, средна дебелина... Не се тенки, ама не се ни ептен дебели. Е сега за квалитет не знам да кажам, ама со оглед на цената (550 ден) не очекувам многу!
Мене па овие ми се ептен тешки за штотуку проодено. Не за џабе им стои 20ка одамна за 990денари, не верувам дека штотуку проодено дете ќе може да прави чекорчиња со овие. А мислам и дека малку се виткаат кај прстите
Стигнаа Ептен се лесни, се изненадив дури колку, а и меки се, рече ќе ги носи, ама првин да постоеле под елка
Пристигна благодарение на @PUPICA @emkaemka Со насолзени очи од радост,излегов од карго,несакам да звучам лигаво,ама ми допре до срцето,од срце благодариме за подарокот од баткото, направивте очињата да и светкаат од среќа