И јас ги барав оти и мојава многу ги сака, ама не најдов. Има само Дора плишана во разна големина во Лотус Струмица, ама таа и ја земав пред 2,5 години, сега не знам дали има
Здраво на сите. Ве молам некој дали знае каде можам да најдам скафандер за дете од 3-4 години во Ск..мислам дека цел град го свртев....
Препорачајте лесни топлинки за проодено дете? Сега има,ама му се смалуваат. Ги носи тие од Чико , ама ги купивме пролетта на попуст за 450 ден. Мм вика ај пак ќе купиме исти, истите сега се 1900 ден Колку едни чизми.. Ги гледав во кеги шус тие со апликации, тркалца од страна ама некако многу тешки ми се видоа кога ги фатив во рака. @MilaSs12 ти бараше,какви купи?
Јас два пати по ред купувам кеги колев. Синко супер оди во нив, не се најдобри, не се како што сакам јас ама вршат работа. Не се тешки ама не се сите модели меки кај прстите. Калапот е ист ама некои се виткаат лесно некои не. Јас барам како тие на чико да топлат, да не се анатомски, да се меки кај прстите а да е тврда петата. Тоа е препорака од ортопед. Ама такви нема. Добри се колев ама не топлат. Во ваикики има што топлат ама петата е мека и бега додека оди детето, имаше синко едни. Гледав и на штандот на ипанема ама исти се, петата е мека. Му купив едни од ваикики цели меки, како за возрасни, ама му се лизгаат и ги шантра нозете. Ке ги вратам. Овие сега што ги носи му се смалуваат, ке купам трет пат колев. Имај на ум дела кеги шус им се анатомски, цицибан исто така се анатомски. Немаме избор за жал. Чико се прескапи, сега ке му купувам трет пар топлинки.