Имам да не претерам 25 кошули за синко наследени од внуците облечени по еднаш. Мојов сигурно нема да ги облече зошто нема за каде. Да ти пратам
Дека за роденденот ја земав а тортата ќе биде со дино. Ама може доземам некоја блуза со дино. Иначе само долен дел скафандер ти чини скоро за комплет. Види има убави комплети земи му поубаво така. Ќе најдам во понеделник некоја блуза со дино. Фала ти најмногу
Бидејќи на темава имаше доста мајки што купија вакви чизми , дали се соодветни за 1.5 годинна детенце кое оди ок проодено пред 6 месеци? Дали се топли и како бирате бројче? Носи патики адидас бр.21 и му се точни дали да земам 22 сега ? Ќе порачувам онлине па затоа..Тнх Да не бидам скроз офф еве што ни стигна денес
Ех и јас имав како мала И моите се буткаат, малата седи во приколката а бато ја бутка или го товараат со играчки па ги истовараат каде ќе им текне па после мама треба да собира Инаку да и јас незнаев дека таму може да има вакви работи, нашиот е од Струмица од Жито маркети, ама ваљда иста е секаде робата. За цена точно незнам 2000 и нешто беше ама ич незнам.
Пишав погоре, мојов на 2г ги "носеше" , по мене замини ги. Широк калап, се вади само ноџе, тешки, крути, не се превиткуват убаво..
@Jana87 јас имам спротивно искуство од Емка. Убаво оди со нив. Лани му беа големи, годинава точни. Не се случило да излегува ноџе. Убаво му лежат. Лани беше 1,5 кога ги земавме. Ама пак му беше стегната ногата внатре. Со нив е секогаш низ води, шлапка, не пропуштаат и нозете му се топли. Види ги и Терекс од Адидас. Или Рибок имаат некои меки модели, за снег.
Јас купив исти вакви, мојот има две ипол години, уште не сме ги севтосале, носи едни други. Секогаш му треба малку време да прифати нови обувки Не се за тазе проодено детенце. Ти треба нешто помалку круто, повеќе да се витка. Лани имаше од пеко чизмички, не беа баш за на снег ама па и не ни заврна, на 1ви април дури заврна ако се сеќавате Дури и овие ми изгледаат ниски како за снег, ама со скафандер ок ќе се се надевам. Ако не купи какви ќе купиш, а некои поефтинки земи за на снег, колку да си поигра без да се натопи, ако заврне нели
Ве молам кажете ми дали некаде ја имате видено оваа играчка ? Мора да ја има под елката , пишав на hot wheels македонија ја немаат повеќе
Лани големи, оваа година истите му се точни? Еден прст му беа големи и со дупло чорапче му ги облакав, значи не му беа големи, на крај на зима и точни му станаа, не ги биваше. Тешки се, многу тромо идеше мојов, кај се залетав кај ги зедов, едвај ги облече бебево И јас мислам дека и чизми за нив мора со врвки или лепенки, да се "фиксира" ноџето. Реално и цело време трчкаат, а во Адидасот секако шета ноџе, настрана кај стапалото и нагоре се широки. Сеедно, затоа и се продаваат и трошат, секој со своето Овие кои му ги купив сега се полн погодок за него, со радост ги облака Е сега не се класични чизми, но водоотпорни се.
@emkaemka да сега му се точни, пасент. Месецов ќе ги носи. После тешко. Ќе чекам попусти да го подновам. Само изборот е крш. Лани изгледа ептен му шлапкаа. Иако не изгледаше така.
Мајки каде да побарам играчка детето рајдер од пав патрол. Ги имаме сите кучиња, ама дедо мраз треба да го донесе детето. Теа колорс, крш и локо кроко проверени уште немаат