Попустот се движи од 20-50% на одреден дел производи, претежно сезонски, за сите возрасти. Немам навика да влегувам таму, но изминативе десетина дена бев на три пати и за речиси ич пари изнакупив триста работи за детево. Ова од денеска ме чинеше само 1100ден. Квалитетот солиден.
Има детски алишта. Многу се слатки за ефтини цени, слично како Ваикики. Ама за мене лично квалитетот во Ваикики е многу подобар, од Котон после неколку перења многу избледуваат. За детски алишта зборувам, за возрасни немам некое искуство.
Вашиот Дедо Мраз многу дарежлив Ми се допаѓаат книгите во кутија, и книгата до букви. Кажувај од каде набавува Дедо Мраз
колкава е куклата (цм) и дали се разбира што збори кога ќе ја притиснеш ? (повеќето што ги видов вадат звуци што не се разбирливи) И дали е стабилна кујната за да може исправени да си играат Ако дедо мраз купувал од пики скоро се исто имам одбрано за нарачување
Мајки една топла препорака, купете им на дечињата вреќичка за спиење со ногавици од Happy Kids Makedonija, конечно вреќа што ја прифати дете, а јас не се будам на 20 мин да ја покријам.. Скапа е, 1500 со достава ме чинеше, ама зедов 1 број поголема барем 2 зими да спие во неа.
Женски дали сте виделе било каква играчка поврзана со Хери Потер серијалите? Освен Лего во Крш неможам ништо друго да најдам.
@Presrekna колку се големи машината и миксерот? Да не се ептен минијатурни? И миксерот е 300 или 360,истиот миксер, различни цени му стојат? И јас ќе ги порачам од Пики,ама се мислев да не се многу мали. И микробрановата сакав да му ја купам,а усисувач веќе доби на подарок. Убав на мајка,најдомаќин има да биде
омилена свекрва ке бидеш. Синко многу сака да чисти со крпа или со влажни. Вчера земал влажна и лета, чисти и брше на сите страни.
Книгите се од Феникс моментално имаат попуст. Над 1000 ден се со бесплатна достава. Другите се од пики бебе. Да од пики бебе се земени. Некои работи немаше. Инаку куклата е околу 20см зборува е сега мама, папа, плаче се смее ама бебе се плаши И не ја пуштаме. Искрено кујната не ни е отпакована. Со ситуацијата дома (синко И мм се позитивни) имам многу обврски. Ја нарачал оваа заради висината скоро 79 см е а другите се околу 70.бидејќи е на ќош би требало да е стабилна. Штом ја отворам ќе постирам. Мислам доволно големи се за нив. Ќе ти пратам слика за споредба. Микробрановата ја немале. Ако имаат добиено пиши. Миксерот мислам 300 е не знам сигурно нешто ми намалија заради повеќето порачки. Млекото за споредба е.
Не знам каде да прашам па овде ми се виде најсоодветно. Има ли гужви по трговските во Скопје? Сити мол во работен ден претпладне затка е пред новогодишно или лабаво?