@Sofi.ja табла дефинитивно. И мојава има, од една страна е бела со маркер, од другата страна е црна со креда и истовремено и за букви на магнет, во сетот плус имаше двострано сунѓерче за маркетот и кредите. Супер практичен сет. Сега брзо и ја земав и само шкртка.
Мами не знаев каде да прашам па најсоодветно ми дојде овде Дали некој има ваков тротинет, купивме денес ама некако не ми е воопшто практичен. Рачката за туркање не се врти, рачките други не се вртат. Ко ќе се извај седиштето за самостојно туркање пак не вртат рачките како на стандардните тротинети, само колцата предни вртат и тоа тешко.. Дали и кај вас е така или кај мене не е нешто склопено ко што треба..
Го имаме истиот, тотално непрактичен. Рачката не се врти, дете ако седи на седиштето нема кај да ги стави ноџињата.. Се надевам кога ќе потпорасне ќе го вози..
А кажи ми молим те предните рачки дали се вртат кај вас,никако не оди за вртење, катастрофа.. Како би фалила кривина ни јас не знам со овој
И ние го имаме, ќерка ми е 2 години и го вози, се врти така што се притиска надолу и се врти лево или десно. Ќерка ми го вози без проблем
Ќерка ми е 20м до душа прв пат се качува ама некако мене ми дојде непрактичен дека рачките не се вртат туку се статични. Јас во детството ко имав на мојот се вртеа и рачките хахаха, па си реков да не нешто не е составено ко што треба
Ние имавме многу сличен само без рачката за туркање. Значи дур беше седиштето скоро е не возможен за возење. Нема како. Син ми го доби на две години и само стоеше. Некаде на две и пол го извадивме седиштето,е за многу кратко го научи. Буквално леташе со него. Рачките не се мрдаат напред, туку со благ притисок на едната или другата страна се фаќа правец . Ама тоа детето само ќе си научи. Нашиот двете деца го изнавозеа, тркалата му се излижаа и на крај рачката се скрши. Мој совет ти е да го извадите седиштето поскоро.
Ти благодарам на исцрпниот одговор, Го извадовме одма седиштето меѓутоа ме збуни ова со рачките ама ајде со тек на време ќе го усоврши 20м е
Истово го има кај мајка ми, и често го користи. Ама двострана табла имаме дома, се согласувам дека одличен подарок за 2 години. Најмногу се користи од сите играчки моментално.