Од Ваикики аутлетот. Не си била? Ги видов прв пат пред еден месец ама денес бев расположена за фрлање пари на непотребни работи Многу е мекичко и убаво!
Сум била, ама не сум го видела Каде стои? Мојов е фан на мачки, има да се прерадува, плус како перниче личи
Да, перниче е, во делот каде што е покуќнина скроз право до крај, покрај женските работи. Имаат повеќе перничиња на избор, зајче, еленче, еднорог... Ама мачето е најголемо и најуникатно
Нинтендо ! Јас и татко и сме посреќни не врати во детството.Утрово станал и си пуштил игрички И ќерката го засака, среќа што е на распуст па ќе се изнаигра, доаѓаат братучедите и имаат занимација по дома.
https://www.facebook.com/pointretailpark/ Отвори мапата Ако не се снаоѓаш пиши и кажи од која страна ќе идеш, што знаеш во Чаир и ќе да ти објаснам. И не очекувај многу, некогаш баш е полно, некогаш партали наредени. Ако идеш иди вторник/среда, тогаш носат и редат ново, брзо се се разграбува тоа што е подобро. И не е се на попуст. Ова за детско, за нас и мажи ако имаш живци и време да бараш по рафтови ќе најдеш фини ствари
Истите чорапи и ги зедов на мојава од кај машките бидејќи во женските само бели, розеви се нешто женски бои со чипка. А не оди на тренерка и Хеланка баш таква чорапа Со здравје да се носат
Уште едно маче во низата Мачето е закон, се превртува само Шиени се тренеркиве, ептен профи, штета што на страната има само два модели
Маалска продавничка во Чаир, 500ден, но немаат онлајн, ако сакаш да купам нареден пат кога ќе идам и да праќам