Здравоо, може ли да ми кажете за Ваикики во Топанско поле што го споменувате, како се движат таму цените и дали има пример сега само гардероба од претходнава сезона ? Гужва ли е многу во недела ( дека со малата мора да одиме)?
Можеш да ми кажеш кој број носи од најк адидас а кој од зара? Гледам дека најк број 23,5 е 13 цм, а зара 22ка е 13,5.
Да споделам и јас. Мојот адидас и зара носи исти број. Исти калап се. Најк носи поголем број. Моментално адидас и зара точни му се 23ка. А најк 25ка (најк 25ката ми се малку големи ама тоа пошто најк немаат 24ка како бројка)
Јас по продавници тепих не успеав да најдам, ем не ми се допаѓаа ем лизгави беа, немаа подлога гумена одоздола, па нарачав онлајн од една страна и презадоволна сум, лесно се пере, тресе ко што валка малово спас ми е што е лесен и гумиран одоздола. Ако сакаш ќе ти ја пратам страната може ќе ти се допадне некој.
Фала многу, секогаш си тука за совет за обувки. Значи ако начекам 22ка да земам, 23,5 најки му се добри ама ке ги израсне за некое време. Друг бренд патики нема носено, затоа не знам. Мене продавачка ме убедуваше дека најк имале голем калап а јас знам по мене дека имаат баш мал калап.
На теписи.мк има многу убави. И во Алфитехноцентар има такви модели. Ептен се убави,само помалку избор има. Можеш да ги ѕирнеш таму какви се,па после да си порачаш дезен каков сакаш од страната.
Случајно ве прочитав и ме замисливте сега, јас порачав од зара чевлички 23 ги чекам да стигнат, а најк носи 23,5 моментално и малку и се големки, ама нели ортопед препорачува да има околу 1цм вишок на влошката. Сега и го мерев ножето на малата околу 13цм и е, и може стварно требаше да земам 22. А одвај начекав 23. Ама претходно носеше 22 на адидас и мали и се па по таа логика мислев 23 ни требаат. Ајде кога ќе стигнат ќе ви пишам дали се ок.
Димензија 100 ×140 1100 денари на акција беше. Малку се послаби на избор,ама можеби ќе најдеш тоа што бараш. Одоздола се гумирани. Барем ќе видиш како изгледаат во живо. Имаше и поголеми димензии.