Јас имам на најк, зара, адидас и хм. Моментално. Ако не си завршила работа може и да ти сликам. Зара, адидас и хм се исти. Најк се помал калап и купувам едно бројче поголеми. Пример сега точни му се 23 адидас и зара
Немам завршено работа, уште се мислам за бројче. До сега исклучиво Nike земав. Малце сум наклонета кон најк. Tanjun и Star runner 2. Сега едни на стар ранер што ги носи се 22ка со луфта, како што треба. Земав tanjun бејби блу многу им имав мерак 23.5 оти 23ка ама баш никакви не можев да најдам. Ама по се изгледа ќе останат за на есен или понатака оти се прилично големи. Она што ме премислува околу бројчето е што од 19 до 22 некако многу брзо и порасна стапалото, а сега 22ка на најк носи веќе 3 месец и уште има луфта, како да не се пополнува. Затоа се мислам што бројче да нарачам на Зара, се мислам дал наеднаш ќе се пополни луфтата. Цел елаборат ама па што да праам, кога само онлајн функционира се периодов, а не сакам пак да утнам со бројче.
Немаат бесплатна достава, од таму е порачано 180 ден е, секогаш над 1000 ми се порачките секогаш си плаќам достава.
Јас немам од кај tanjun да купувам. Инаку само такви ќе носи И кај нас беше збунка. Од проодување следната година менуваше бројче на 3 месеци. Значи од 12 до 18 месеци ги помина од 19-23 бројка. И од тогаш еве до сега 25 месеци е и е застанат на 23јка Неможеш да планираш никако. Инаку зара немаат убав ѓон. Јас ги зимам некои интерсни ради mickey на пример. Ама искрено не ми се свиѓаат за носење. Во споредба пример со најкот
Фармерчињата од каде се? Ќерка ми има едни исти и се смалија, уште ги носи. Ете до толку ги сака Па да и земам поголеми барем.
Јас имам слично, друга марка го купив од Бугарија. По неискористено нешто нема. Пак носефрида си го користев цело време.
Нема да ти се свиѓа одговорот Тие се за малата, купени од аутлетот, едни единствени бројче 3-4. Во понеделник ќе одам пак, ај ќе разгледам кај големите што има од фармерки.
Измери и го ножето, Зара се точни мерките. Јас мислам дека ако сакаш сега да и се точни треба 21 да земеш штом најк и се точни 22. Јас земав 23, за 13,5цм ноже, а пишуваше дека се 14,5цм чевличките и баш си се цел цм поголеми дури може и малку повеќе. Да земев 22 ќе и беа супер. За споредба најк носи 23,5 со мала луфта, окаиди чизмичките и се 22.
Ај помош и за мене со бројчињата и со купувањето патики. Не се научив и не се научив да погодам бројче,а и не купувам ново,се додека не приметам да го стегаат . Некако многу ми изгледаат големи кога гледам со луфт даму купувам,па изгледа секогаш купувам точно бројче,што не треба. На адидас моментално 23 му е кнап,итно мора поголемо бројче,најк стар ранер му пробав 23,5 таман му е,можеби малку има луфт. Му ја пробав 25,огромни му изгледаат,а прстето му завршува кај што завршува делот со мрежичка,ако ме сфативте ,можеби така треба? Колку луфт треба да имаат,23,5 што му е точна е 13 цм,а 25 е 14?
Значи цела филозофија бројчињава. Една од причините зошто и само еден бренд патики земав до сега. Најверојатно 21 ќе нарачувам, сакам сега овој период да ги носи. Ги имам истиве. Јас ако се прашувам би зела 25ка. И мојава така ги почна, со палец до мрежичката. Не е многу таман е луфта, 1 прст. Многу се удобни и флексибилни нема да има проблем да оди. Најдобро облечиму ги и пушти го да пооди низ продавница и ќе видиш дали му се ок или да земеш помали.
Гледај да има еден цм простор напред, јас ги земав истиве земав 28, синче моментално носи 27 еден број поголеми подобро според мене.