Изгледа сега "сите" правиме соби @anastasijaki стварно убав креветот Убава и собата, се си вклопила убаво
Хах, и ние дома исто Но јас по незнам кој пат ќе преправам соба. Само што овој пат ќе биде дефинитивна, комплетна детска соба
Имам нарачувано други работи и преубави биле. Побарај и ќе ти ги слика подобро, многу фина е девојката.
Кога сме кај идеите.... Да не имаш идеи каде има детски тапети? Јас сум крш со идеите за боите на ѕидовите, а ми се допаѓа идејата и тапет но само некој детал како ова: Баш би сакала вакви брезови дрвца на ѕидот. Или да не знаете колку е цртање на ѕид?
Ова како мурал ти доаѓа, ако ти го цртаат +/-100е би те коштало. Можеш да ставиш налепници, прашај на Инста nalepnici.mk. За тапет или мурал од твоја избрана слика прашај на фб Samoleplivi tapeti, 690ден е за 1м2. Јас порачав од каталог, кај стадион што е продавницата. Имаат два огромни албуми, па може да се најде, за девојчиња огромен избор, за момче е шкрто. Имаат и нешто на лагер, ама слабо избор. Мурал не видов да имаат, може и имаше, не знам, јас порачав тапета која се повторува.
Веќе кога сме кај детски и ние треба да правиме,препорачајте фирми за проектирање и изработка на истите.
@Ano да ти препорача едни дечки, од се што прашав овие беа "најнормални" Види на Пинтерест идеи, па имај претстава што сакаш, они ќе ти доловат и усогласат во просторот.
Имам едно прашање, не е баш што сум купила, но што сакам да купам е, ако има посоодветна тема преместете го, јас барав но не најдов.... Каде можам да најдам детски ролерки, комплет со штитници и кацига, во Скопје, за 7 годишно дете??? Во спорт вижн гледав.. Но би сакала да видам и на друго место
Имаш тапети на стадион, има една продавница на Рузвелтова (во Близина на Концепт) и има една нова на Теодосиј Гологанов карши Капиштец некако пред Треска му доаѓа ако одиш од Центар кон Карпош).
Нешто од нашиот шопинг. Нови патики @emkaemka немав среќа да ги ќарам тие како вашите. Многу комплицирани овие во спорт м. За сега доби светкави брзи патики како формула. Ама не се откажувам од тие. Ќе барам луѓе од Велес да ми ги донесат. И играчки за наредниов период.
Го премолев мојов овие патики да ги купиме место црвените што сам си ги избра. Ниту дека светат не се убеди А Адидасот е поголема 27ца, сигурно за пола бројче Таблетот промашен е за мене, многу брзо се исушија маркерите