Јас за розевата прашував што им е објавена на страната на фб, па ми кажаа дека само зелени имаат останато.
Едно е, се преклопува и од едната страна е кроко, од другата жирафа. @Sexybaby86 ова ли е? Фина текстура и пена прави
Мекано е, повеќе како играчка, не дека не може да се легне, големко е, ама мислам дека е играчка Не знам точни цени, кремата нешто повеќе од 500ден, а купката 800 и нешто ситно
Маслената купка е закон! Само од оваа и се средува кожата на ќерка ми зимно време и се појавуваат како лишаи од сува што и е кожата, и редовно ја користиме,сега и лосионот за тело го купивме
Не е тоа Емка, ова е Твоево го немам видено, ама ми изгледа слично. Моево е baby’s first линијата, заради малата го земав јас, ама и големата со тоа ја бањам. Би го пробала и ова следно, слични се сигурно
И оваа ја имаме користено убава е и мириса,а таа погоре е погуста и нема мирис,за многу посува кожа е.А од оваа линија и лосионот е исто убав
Да, многу нежен.Јас сега за бебево го земав шампончето и кремчето за лице,купка мустела имам на поклон ја добив,ама наредно ќе си земам од оваа.
Никогаш не би ми текнало Uriage да земам да пробам, Мустела и Веледа користев нонстоп за големата, па затоа и за малата исто откако се роди. Немаше Мустела кога купував последно, па случајно го видов Uriage-от и пошто бебка има сува кожичка, викам да го пробам. Откако го купив, не го сменив веќе, кожата престана да се суши, лишајчињата исчезнаа, презадоволна сум. Ќе земам следно и крема за лице, многу пријатно сум изненадена од козметикава. Подобра е од се’ што сум користела, а па косичките и на двете какви им ги прави, сјајни и како свила
https://www.mitra.mk/product/uriage-bebe-1er-lavante-krema-za-bebe/ Еве ја , на попуст. Супер цена има. Ќе ме убедите за мене да ја нарачам.