@MilaSs12 во поснабдени аптеки се наоѓа гелови со ектоин од одредени фирми козметики но не сум сигурна дали во оваа концентрација. Ектоин треба да одржува поголема влажност на кожата, се дава при екстремна сувост и изгореници најчесто. Секое добро.
Ви благодарам и на двете. Ке побарам ваква крема, а плус купив и специјален гел за туширање и крема за атопична кожа. Синко не се чеша, нема никаква мака ама не можам така да ги оставам. Пробав со козметика за сува кожа и немаше ефект. Ова кај синко е екстремна сувост на неколку мали делчиња.
@Sexybaby86 и останатите кои помогнавте за креми за атопична кожа, фала ви. По само 3 дена има огромна разлика. Иако немаше многу, тие 3 4 беа ептен упорни, ама јас не сум користела соодветна крема. Мислам дека за недела дена ке ги снема. Кога ке ги снема, што да користам, истиот крем или нешто друго? Видов една атопи превент, добра е? Сликата горе отишла.
Продолжи си со истиот крем, мачкај барем некое време, месец. Не експериментирај со разни креми, чим нешто помогнало задржи се на истото. И бањај со маслени купки.
Ваква купка зедов. Таман додека го потрошам, 75 мл е. А потоа мислам дека тоа превент од истата линија ке е добар избор. Фала.
Мило ми е што помогнала кремата. Штом делува, користи ја подолг период и не ја менувај. Во комбинација со купката мислам дека ќе се среди комплет