Не. БејбиТ рече тој од Џамбо не бил практичен оти не бил со рачка. Ама секако маж ми веќе го имал нарачано овој, излезе дека е истиот што бејбиТ го имаше постирано. Ѕирни го назад е на некоја страна го коментираа во темата за совети.
Јас вчера гледав во џамбо. Ми се виде баш ист со твојот. Не купив зашто ме премисли мм. Ај пиши искуство, како ќе го свиѓа цуцата.
Ептен ми се допадна, ми брка работа и за на тераса ќе ми се најде и за во двор. Само малку ми беа 10 парчиња, две пакувања купив
Како се снаоѓате во Кали за да најдете нешто? Бев во Аеродром,хаос е мал збор да се каже. Продавачките скристиле нозе,лаф муабет,кафенце. Прашувам дали секогаш е таков хаос ,вика сега попуст имаме ама претежно вака е. На фб има добри парчиња облека,ама таму ништо не можам да најдам за мое дете. За подарок бебешки маици и шорцеви купив по 150,160 ден(на оваа цена 25% попуст имаше) криво ми е за моево што немаше.
Кај нас најавија дожд цела недела па да се спремаме а метлава беше љубов на прв поглед , цел ден мети дома синко.
@0ли има многу слатки муслин кебенца од ЕЛО супер ќе се за лето. https://www.instagram.com/p/COFaZmoLux7/?igshid=1imu6ccjqn1he
Која цена се овие и колкави се? Јас гледав една муслин пелена во ваикики, не памтам димензија ,на интернет ми излегува 90х100, а ги имам сликнато од позади за цената да ја запамтам. Лани го покривав со едно ептен тенко памучно ќебенце ноќе,а дење со тетра пелена. Ама сега нема да ми дозволи со ќебенце а пелените одамна му се мали. Размислував или ова од ваикики или кај што продаваат материјали на бит пазар да ми скројат едно чаршафче од ранфорс.
Убави се овие од Ваикики, јас пред некое време зедов една со слончиња, тамам е димензијата за покривање.
јас лани од ваикики земав постелнини во комплетот имаа чаршав, навлака за перница и вакво тенко за покривање како на сликата на аморе.мио. на попуст ги земав по 699ден, редовна мислам 999 им беа. А за во Кали неколку пати имам влезено во различни продавници(и во таа во аеродром) сегде беше хаос и сегде беа неуслужливи од типот незнам барај си низ корпите.
Вакво имаме ние од лани и е преубаво и супер не служеше ама срга како поголема незз да не и биде малецко.... Јас со фротирка терам инаку па ко ке стопли ептен и без друго не дозволува да е покриена.... Лани на 6 и 7 м спиеше со кратки шпикозни и откриена не па сега на 16 тоест ко ке е најтопло 17 и 18м